Braava jet™

347 0.0
цена 17 599,00 ден во кошница
На залиха
Braava jet™ banner
 

За производот

     
 
 

Нов робот од семејството на роботи за бришење на подови, за мокро или суво чистење на купатила, кујни или други помали простории. За време на работата користи крпи за чистење и ви помага во исполнување на вашата потреба за чист под. Системот за прецизно прскање ги разложува нечистотијата и дамките и со помош на вибраци внимателно ги отстранува.

Главни предности на Braava jet

  • За мокро чистење на кујни, купатила и други мали простории
  • Многу тивко работење
  • Чисти и тврдокорни дамки од кафе
  • Ефикасни миризливи крпи за еднократна употреба
  • Едноставна употреба
  • За сите видови тврди подови, како паркет и плочки
  • Три начини на чистење: суво, влажно и мокро
  • Автоматско чистење во согласност со вашите потреби
  • Чисти по должината на ѕидовите и под мебелот
  • За чистење на тешко достапните места користи навигација
  • Отстранува нечистотија и дамки од тврди подови
  • Чисти со помош на комбиниран систем за прскање и вибрации
  • Функција пауза/вклучување

Зошто да одберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

Истиот тој сè опфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 15 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Braava jet

Навигација iAdapt 2.0

Braava jet™ е робот наменет за бришење на подови во кујни, купатила и други помали простории. Чисти на тешко достапни места, како што е просторот под орманичињата во купатилата, аглите и слично. Внимателно чисти и околу мебелот, како и по должината на ѕидовите.

Автоматско Чистење

Braava jet™ автоматски сама го избира начинот на чистење, во зависност од крпата. Поставете виртуелна граница и Braava ќе остане во таа просторија, иако таму нема врата. Со притискање на едно копче, можете да ги отстраните крпите и да ги фрлите, така што не морате да се валкате со нечистите крпи и да ги отстранувате со рака.

Изглегува на крај и со тврдокорните дамки

Системот за прецизно прскање ја разложува нечистотијата и дамките, а притоа не го прска мебелот и ѕидовите. Главата за чистење вибрира и внимателно ги отстранува дамките. Дизајнирана е за мокро чистење и влажно бришење на тврди подови, вклучувајќи дрво, плочки и камен.

Два начина на чистење

Braava jet™ овозможува два начина на чистење: суво и мокро. Со сувото чистење, Braava ја отстранува прашината, влакната од милениците и друга сува нечистотија, но не може да ги исчисти тврдокорните дамки кои се исушени на подот. Нечистотијата се собира на крпата од микровлакна, која на крај само се тресе или пере. Со мокриот начин на чистење, Braava со помош на посебни движења (горе, долу, лево, десно) со влажната крпа ја собира нечистотијата и го полира подот.

Чистење по должината на ѕидовите и под мебелот

Braava jet™ чисти интелегентно и внимателно. Без никакви проблеми се движи под мебелот, креветите, елементите во кујната, столиците, масите без да ги оштетува. Ги избегнува скалите и теписите, кога доаѓа до нив, се врти и чисти околу нив. И вашата Braava jet™ знае дека тепихот не може да се исчисти со крпа од микровлакна.

Фукнција Пауза/Вклучување – Pause/Resume

Морате да ја прекинете Braavа, за да видите што и како исчистила и потоа да продолжи? Нема проблем. Функцијата пауза/вклучување овозможува Braava да продолжи со чистењето каде што сте ја застанале. Braava ги запомнува условите во пределите каде што чисти. Така што може лесно на средина од чистењето да ја смениме крпата и роботот по замената ќе продолжи со чистењето.

Кому е наменет?

Роботот за бришење подови iRobot Braava jet™ е многу корисен, за во секој дом, за чистење на тешко достапните места во кујните и купатилата. Со едно полнење и избор на сув/влажен решим, iRobot Braava jet™ може да исчисти површина од 25 m2, а со мокар режим до 20 m2. iRobot Braava jet после секоја употреба се полни за само 2 часа, што значи дека брзо може повторно да се врати да работи.

iRobot Braava jet
jet

пакетот содржи

Braava jet™1x Braava jet™

Li-Ion Батерија вградена во роботот1x Li-Ion Батерија вградена во роботот

Полнач за Braava Jet1x Полнач за Braava Jet

Крпи за еднократна употреба за мокро бришење2x Крпи за еднократна употреба за мокро бришење

Крпи за еднократна употреба за суво бришење2x Крпи за еднократна употреба за суво бришење

Крпи за еднократна употреба за влажно бришење2x Крпи за еднократна употреба за влажно бришење

 

за докупување

Крпи за еднократна употреба за мокро бришењеКрпи за еднократна употреба за мокро бришење

Крпи за еднократна употреба за суво бришењеКрпи за еднократна употреба за суво бришење

Крпи за еднократна употреба за влажно бришењеКрпи за еднократна употреба за влажно бришење

Крпи за повеќекратна употреба за мокро бришењеКрпи за повеќекратна употреба за мокро бришење

 

техничка спецификација

За мокро чистење на кујни, купатила и други мали простории
Многу тивко работење
Чисти и тврдокорни дамки од кафе
Ефикасни миризливи крпи за еднократна употреба
Едноставна употреба
За сите видови тврди подови, како паркет и плочки
Три начини на чистење: суво, влажно и мокро
Автоматско чистење во согласност со вашите потреби
Чисти по должината на ѕидовите и под мебелот
За чистење на тешко достапните места користи навигација
Отстранува нечистотија и дамки од тврди подови
Чисти со помош на комбиниран систем за прскање вода и вибрации
Функција пауза/вклучување

Braava jet™: Речник на поими

Braava jet™ видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
Цена* 17 599,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата