Roomba 650

12 5.0
цена 28 000,00 ден во кошница
На залиха
Roomba 650 banner
 

За производот

     
 
 
Убав, паметен, достапен и пред сè внимателен работник. Тоа е робот правосмукалката iRobot Roomba 650. Во споредба со моделот 630 нуди функција за подесување на времето за чистење кое вас дефинитивно ќе ви ги реши сите обврски поврзани со смукањето. Во пакетот ќе го најдете и виртуелниот ѕид и заменливите филтри. Техничката опрема содржи систем за чистење iAdapt, модерна кошница за отпадоци AeroVac, систем Dirt Detect и ANTITANGLE, програма SPOT и друго.

Главни предности на Roombа 650

  • Чистење на сите видови подови како и теписи
  • Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt
  • Тристепенски систем за чистење
  • Систем на странично чистење на агли и ѕидови Wall Follow
  • Прилагодлива чистилна глава 2-ра генерација
  • Кошница за отпадоци AeroVac со голем капацитет
  • Систем за филтрирање со AeroVac филтер
  • Индикатор за полна кошница
  • ANTITANGLE систем кој спречува заплеткување од кабли и ресести теписи
  • Звучна детекција на нечистотии
  • Функија за подесување на времето за чистење
  • Функција за виртуелни ѕидови
  • Обликуван браник со бавен допир
  • Сензори за заштита од пад по скали

Зошто да изберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, чиј профит првенствено е насочен кон неговиот развој. iRobot е производ на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), кои со роботиката конечно го променија светот и начинот на кој работиме, учиме, лекуваме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. Во 1998 год. iRobot го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

По терористичките напади на трговскиот центар во 2001 год., американската влада го испрати на спасувачка акција iRobot PackBot. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011 година. Во 2002 година, iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата роботска правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со воведување на нови роботи за домаќинства. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите, им помага на повеќе од 14 милиони луѓе низ целиот свет.

Клучни функции
iRobot Roomba 650

Интелигентен навигациски систем - iAdapt

iRobot Roomba доаѓа со проверени системи кои го означуваат iRobot како вистински робот. Листата се започнува со најважните системи iAdapt. Со овој уникатен систем и технологија Roomba ја проверува својата околина 60 пати во секунда со употреба на светлосни сензори и со 40 начини на движење се прилагодува и во специфичниот простор.

Тристепенски систем за чистење

Тристепенски систем за чистење овозможува ефективно и квалитетно собирање смет, валкани и поголеми делчиња. Во исто време се одвиваат сите три процеси:

1. Ротирачка странчична четка

Ротирачката странична четка чисти по ѕидовите, аглите и на тешко достапни места.

2. Две спротивно ротирачки четки

Roombа за најефективно чистење употренува две спротивно ротирачки четки кои работат заедно како лопатка и метла, кои од подот собираат повеќе смет, ситници и влакна.

3. Вакумско смукање

Вакумското смукање е уште поинтензивно смукање кое го собира сметот во кошницата.

Прилагодлива чистилна глава втора генерација

Прилагодливата чистилна глава е втора генерација на прилагодливи системи за чистење кои самостојно се прилагодуваат на различни подни површини (ламинат, теписи, линолеум, плочки).

Roomba 790

Кошница за отпадоци со висок капацитет

Кошницата за отпадоци со висок капацитетAeroVac е идеално решение за домакинства со домашни миленици; го собира и најтенкиот прав.

Звучно детектирање прав

Со употреба на звучните сензори и технологијата Dirt Detect се фокусира на чистење каде што е најпотребно.

Временско програмирање на чистењето

Со оваа функција изберете кој ден и час роботот да почне со чистење. Така може Roomba самостојно, без ваша помош и може дури секој ден во различни времиња, да го исчисти вашиот простор. Роботот е на пример подесен за чистење три пати неделно, што значи дека секоја недела во времето кое сте го избрале ќе го исчисти вашиот дом и ќе го остави подот во беспрекорна состојба.

Значење на виртуелниот ѕид– Virtuall Wall

Просторот можете да го ограничите со Виртуелниот ѕид, кој работи како проѕирна препрека која роботот нема да ја премине. Употребувајте го тогаш кога (не) сакате да исчистите само одреден дел од просторот или да го ограничите достапниот простор на Roombа до електричните кабли , кршливите предмети или вашиот компјутер.

За кого?

Робот правосмукалката iRobot Roomba 650 е идеална за станови и куќи со површина на под до 90 m². Функцијата за подесување на времето за чистење вам ви дава апсолутна слобода и ви ги решава и најмалите обврски поврзани со чистење. Само подесете го времето за чистење, сè друго роботот прави сам. При организирање на чистењето на повеќе соби помага приложениот виртуелен ѕид. Другите додатоци можете да ги купите подоцна.

iRobot Roomba 790
650

пакетот содржи

Roomba 6501x Roomba 650

Автоматски виртуелен ѕид1x Автоматски виртуелен ѕид

Чешел за чистење на четките1x Чешел за чистење на четките

Заменлив AeroVac филтер2x Заменлив AeroVac филтер

Адаптер1x Адаптер

Батерија (во роботот)1x Батерија (во роботот)

База за полнење1x База за полнење

 

за докупување

Далечински управувачДалечински управувач

Сет додатоциСет додатоци

 

техничка спецификација

Чистење на паркет, линолеум, теписи и тврди површини
Соодветно за домакинства со домашни миленици
Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt
Процесор на престижниот бренд ARM
Прилагодлива чистилна глава 2-ра генерација
Систем на странично чистење во должина на ѕидови и агли Wall Follow
Систем ANTITANGLE
Звучна детекција на нечистотија
Самостојно полнење во станицата за полнење
Функција за подесување на времето за чистење
Функција за виртуелни ѕидови
Систем за филтер – филтер со микровлакна
Обликуван браник од гума со бавен допир
Кошница за отпадоци AeroVac со голем капацитет
Рачка на расклопување за едноставно ракување
Се препорачува за 4 соби (до 90 m²)
Батерии Ni-MH со висок капацитет и издржливост до 2 часа
Време на полнење 3 часа
Употреба на енергија при полнење најмногу 33W
Употреба на Stand-By најмногу 2 W
Димензии (mm) 330 x 92 (80 тело на роботот)
Тежина 3,6 kg
Гласност < 60 dB

Roomba 650: Речник на поими

Roomba 650 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
 
Цена* 28 000,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата