Roomba 651

254 0.0
цена 29 999,00 ден во кошница
На залиха
Roomba 651 banner
 

За производот

     
 
 
Убав, паметен, достапен и пред сè внимателен работник. Тоа е роботот правосмукалка iRobot Roomba 651 xLife. Во споредба со 650 моделот, моделот 651 xLife доаѓа со издржлива батерија, со капацитет до 2 часа. Во пакетот има базна станица со вграден адаптер.

Главни предности на Roombа 651 XLife

  • Чистење на сите видови подови како и теписи
  • Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt
  • Тристепенски систем за чистење
  • Систем на странично чистење на агли и ѕидови Wall Follow
  • Прилагодлива чистилна глава 2-ра генерација
  • Кошница за отпадоци AeroVac со голем капацитет
  • Филтерен систем со микровлакна
  • ANTITANGLE систем кој спречува заплеткување од кабли и ресести теписи
  • Звучна детекција на нечистотии
  • Функија за подесување на времето за чистење
  • Функција за виртуелни ѕидови
  • Обликуван браник со бавен допир
  • Сензори за заштита од пад по скали
  • xLife батерија за 2 х подолг век на траење
  • Базна станица со вграден адаптер

Зошто да изберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, чиј профит првенствено е насочен кон неговиот развој. iRobot е производ на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), кои со роботиката конечно го променија светот и начинот на кој работиме, учиме, лекуваме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. Во 1998 год. iRobot го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

По терористичките напади на трговскиот центар во 2001 год., американската влада го испрати на спасувачка акција iRobot PackBot. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011 година. Во 2002 година, iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата роботска правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со воведување на нови роботи за домаќинства. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите, им помага на повеќе од 14 милиони луѓе низ целиот свет.

Клучни функции
iRobot Roomba 651 XLife

Интелигентен навигациски систем - iAdapt

iRobot Roomba доаѓа со проверени системи кои го означуваат iRobot како вистински робот. Листата се започнува со најважните системи iAdapt. Со овој уникатен систем и технологија Roomba ја проверува својата околина 60 пати во секунда со употреба на светлосни сензори и со 40 начини на движење се прилагодува и во специфичниот простор.

Тристепенски систем за чистење

Тристепенски систем за чистење овозможува ефективно и квалитетно собирање смет, валкани и поголеми делчиња. Во исто време се одвиваат сите три процеси:

1. Ротирачка странчична четка

Ротирачката странична четка чисти по ѕидовите, аглите и на тешко достапни места.

2. Две спротивно ротирачки четки

Roombа за најефективно чистење употребува две спротивно ротирачки четки кои работат заедно како лопатка и метла, кои од подот собираат повеќе прашина, нечистотија и влакна.

3. Вакумско смукање

Вакумското смукање е уште поинтензивно смукање кое го собира сметот во кошницата.

Прилагодлива глава за чистење - втора генерација

Прилагодливата чистилна глава е втора генерација на прилагодливи системи за чистење кои самостојно се прилагодуваат на различни подни површини (ламинат, теписи, линолеум, плочки).

Roomba 790

Кошница за отпадоци со висок капацитет

Кошницата за отпадоци со висок капацитетAeroVac е идеално решение за домаќинства со домашни миленици; ја собира и најситната прашина.

Звучно детектирање прав

Со употреба на звучните сензори и технологијата Dirt Detect се фокусира на чистење каде што е најпотребно.

Временско програмирање на чистењето

Со оваа функција изберете кој ден и час роботот да почне со чистење. Така може Roomba самостојно, без ваша помош и може дури секој ден во различни времиња, да го исчисти вашиот простор. На пример, роботот е подесен за чистење три пати неделно, што значи дека секоја недела во времето кое сте го избрале ќе го исчисти вашиот дом и ќе го остави подот во беспрекорна состојба.

Значење на виртуелниот ѕид– Virtuall Wall

Просторот можете да го ограничите со Виртуелниот ѕид, кој работи како проѕирна препрека која роботот нема да ја премине. Употребувајте го тогаш кога (не) сакате да исчистите само одреден дел од просторот или да го ограничите достапниот простор на Roombа до електричните кабли , кршливите предмети или вашиот компјутер.

За кого?

Робот правосмукалката iRobot Roomba 651XLife е идеална за станови и куќи со површина на под до 90 m². Функцијата за подесување на времето за чистење вам ви дава апсолутна слобода и ви ги решава и најмалите обврски поврзани со чистење. Само подесете го времето за чистење, сè друго роботот прави сам. При организирање на чистењето на повеќе соби помага приложениот виртуелен ѕид. Другите додатоци можете да ги купите подоцна.

iRobot Roomba 790
651

останати важни функции

ANTITANGLE
систем Wall Follow
едноставен начин на управување
компактни димензии
Aerovac филтер
станица за полнење
сите видови на подни површини
сензори за спречување на пад од скали
програма SPOT
едноставно одржување
дијагностицирање проблеми
преминување прагови
браник со бавен допир
 
 

ANTITANGLE

iRobot мисли на секојдневното домаќинство, затоа ја иновираше технологијата ANTITANGLE, која спречува заплеткување во кабли или ресе од теписи. Кога четките ќе ја препознаат препреката ја менуваат насоката на вртење. На овој начин роботската правосмукалка се ослободува и може да си продолжи со чистење.

 

систем Wall Follow

Благодарение на страничните четки и системот Wall Follow Roomba може ефективно да ги исчисти и регионите околу покуќнината, по должина на ѕидовите, аглите како и на тешко достапните места.

 

едноставен начин на управување

На Roombа не ѝ е потребно да ѝ се одреди начинот на работа или времето на чистење. Roomba сè уште самата си одредува со оглед на распоредот и големината на просторот кој го чисти. Притиснете го копчето CLEAN и Roomba се грижи за сè.

 

компактни димензии

Благодарение на својата висина (9,2 cm) Roomba влегува под поголемиот број на апарати за домаќинство и може да ги исчисти и обично недостапните места. На пример под креветот или под апаратите во кујната. Димензиите се обликувани така што роботот е соодветен за европскиот мебел со ногарки.

 

Aerovac филтер

"AeroVac" филтерот ја задржува најситната прашина и нечистотијата. Неговите одлични карактеристики се користат во Roombа серија 600.

 

станица за полнење

Кога Roomba ќе процени дека чистењето е завршено, самостојно ќе ја побара својата базна станица за полнење, каде што ќе се наполни и ќе биде подготвена за следното чистење. Во базната станица роботската правосмукалка ќе се врати и во случајот ако  дадете наредба со притиснување на копчето DOCK.

 

сите видови на подни површини

Roomba е роботска правосмукалка наменета за чистење на сите видови подни површини, како што се паркет, плочки, ламинат, линолеум, теписи, теписони.

 

сензори за спречување на пад од скали

Сензорите за спречување на пад од скали, осигуруваат дека Roomba нема да падне по скалите или од други високи површини.

 

програма SPOT

Програмата SPOT е наменета за локално чистење. Роботот го чисти просторот во големина од 1 m². Ќе ви послужи како „лопатка и метла“, потоа кога во кујната по подот ви се истурил шеќер, или пак во случај кога треба да се ичисти прагот за чевли.

 

едноставно одржување

Редовното одржување го зголемува животниот век на вашата Roombа. Доволно е редовно да го празните садот за нечистотија, да ги чистите четките и предното тркало.

 

дијагностицирање проблеми

Роботот е способен сам да дијагностицира проблеми и со звучен сигнал ќе ве извести.

 

преминување прагови

Roomba со леснотија преминува летвички, прагови или други ограничувања до висина од 2 cm.

 

 

браник со бавен допир

Roomba ги открива прeпреките и ги допира со бавен допир. Благодарение на инфрацрвените зраци кои ги емитува браникот, роботот ја познава препреката и пред неа забавува и бавно ја допира. Браникот е многу нежен за покуќнината. Непосредниот допир на препреките ја подобрува ефективноста на страничните четки кои од препреките ја чистат нечистотијата. Покрај тоа Roomba благодарение на браникот осетлив на допир проценува каде е виртуелниот ѕид кој се поставува на специфичните места.

пакетот содржи

Автоматски виртуелен ѕид1x Автоматски виртуелен ѕид

Прстен за чистење на четките1x Прстен за чистење на четките

Заменлив AeroVac филтер1x Заменлив AeroVac филтер

XLife батерија1x XLife батерија

Базна станица со вграден адаптер1x Базна станица со вграден адаптер

Roomba 6511x Roomba 651

 

за докупување

Сет додатоциСет додатоци

 

техничка спецификација

Чистење на паркет, линолеум, теписи и тврди површини
Соодветно за домакинства со домашни миленици
Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt
Процесор на престижниот бренд ARM
Прилагодлива чистилна глава 2-ра генерација
Систем на странично чистење во должина на ѕидови и агли Wall Follow
Систем ANTITANGLE
Детекција на нечистотија
Самостојно полнење во станицата за полнење
Функција за подесување на времето за чистење
Функција за виртуелни ѕидови
AeroVac филтер - задржува ситна прашина и нечистотија
Обликуван браник од гума со бавен допир
Кошница за отпадоци AeroVac со голем капацитет
Рачка на расклопување за едноставно ракување
Се препорачува за 4 соби (до 90 m²)
X Life Батерија 2 x подолг живот
Време на полнење 3 часа
Употреба на енергија при полнење најмногу 33W
Употреба на Stand-By најмногу 2 W
Димензии (mm) 330 x 92 (80 тело на роботот)
Тежина 3,6 kg
Гласност < 60 dB

Roomba 651: Речник на поими

 

Roomba 651 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
Цена* 29 999,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата