Roomba 775

18 5.0
цена 32 500,00 ден во кошница
На залиха
Roomba 775 banner
 

За производот

     
 
 

Добро опремен модел на роботска правосмукалка iRobot Roomba, во споредба со верзијата 770 е дополнет со функцијата Virtual Halo, што уште повеќе го ценат домаќинствата со домашни миленици или со антиквитети на подот. Виртуелниот ѕид со функција Virtual Halo безбедно го насочува роботот околу садовите со храна или вода од Вашите миленици, или околу вредните предмети. Техничката опрема на роботот вклучува подобрена прилагодлива глава за чистење, систем Dirt Detect, сад за нечистотија AeroVac 2-ра генерација, високо ефективни “HEPA” филтри, поголем број сензори и подобрен систем за чистење iAdapt.

Главни предности на Roombа 775

  • Чистење на сите видови на тврди подови како што се паркет, ламинат, плочки, теписи, теписони итн.
  • Интелигентен систем за навигација iAdapt
  • Тристепен систем за чистење
  • Систем “Wall Follow” за чистење по должина на ѕидови и агли
  • Прилагодлива глава за чистење 2-ра генерација
  • Сад за нечистотија AeroVac со голем капацитет 2-ра генерација
  • Филтрирање низ двоен “HEPA” филтер
  • Индикатор за полн сад со нечистотија
  • ANTITANGLE систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
  • Звучна и оптичка детекција на нечистотии
  • Функија за местење на времето за чистење
  • Функција за виртуелни ѕидови со Virtual Halo
  • Профилиран браник од гума со бавен допир
  • Сензори за заштита од пад по скали
  • Далечинско управување

Зошто да изберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, чиј профит првенствено е насочен кон неговиот развој. iRobot е производ на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), кои со роботиката конечно го променија светот и начинот на кој работиме, учиме, лекуваме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. Во 1998 год. iRobot го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

По терористичките напади на трговскиот центар во 2001 год., американската влада го испрати на спасувачка акција iRobot PackBot. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011 година. Во 2002 година, iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата роботска правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со воведување на нови роботи за домаќинства. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите, им помага на повеќе од 10 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Roomba 775

Интелигентен систем за навигација iAdapt

iRobot Roomba доаѓа со проверени системи кои го означуваат iRobot како вистински робот. Листата се започнува со најважните системи iAdapt. Со овој уникатен систем и технологија Roomba ја проверува својата околина 60 пати во секунда со употреба на светлосни сензори и со 40 начини на движење се прилагодува и во специфичен простор.

Тристепен систем за чистење

Тристепениот систем за чистење овозможува ефективно и квалитетно собирање на прашина, влакна, алергени и друга нечистотија. Ситната прашина се филтрира низ двојните “HEPA” филтри. Во исто време се одвиваат сите три процеси:

1. Ротирачка странична четка

Ротирачка странична четка чисти по должината на ѕидовите, аглите и на тешко достапните места.

2. Две спротивно ротирачки четки

Roomba за поефективно чистење употребува две спротивно ротирачки четки, кои работат заедно како лопатка и метла, кои од под подот собираат повеќе прашина, влакна и друга нечистотија.

3. Вакумско вшмукување

Вакумското вшмукување е уште поинтензивно чистење кое ја собира нечистотијата во садот.

Прилагодлива глава за чистење втора генерација

Прилагодлива глава за чистење е втора генерација на прилагодливи системи за чистење кои самостојно се прилагодуваат на различни подни површини (ламинат, теписи, линолеум, плочки).

Roomba 790

Сад за нечистотија со висок капацитет втора генерација

Roomba 775 има сад за нечистотија со висок капацитет AeroVac 2-ра генерација, која се состои од два “HEPA” филтри и темелно ја собира и најситната прашина. Покрај тоа е опремена со индикатор за полн сад за нечистотија, кој Ви кажува, кога треба садот да се испразни.

Звучни и оптички сензори за нечистотија

Систем Dirt Detect 2-ра генерација со помош на звучни и оптички сензори ги детектира повеќе валканите места кои Roomba интензивно ги чисти.

Програмирање на времето за чистење

Со оваа функција иберете кој ден и час роботот да започне со чистење. Така може Roomba самостојно, без Ваша помош и може дури секој ден во различни времиња да го чисти Вашиот простор. Роботот на пример е наместен за чистење три пати неделно, што значи дека секоја недела во времето кое сте го избрале ќе го исчисти Вашиот дом и ќе го остави подот во беспрекорно чиста состојба.

Значење на ХАЛО виртуелниот ѕид – Halo Virtuall Wall

Просторот можете да го ограничите со Виртуелниот ѕид, кој работи како невидлива препрека која роботот нема да ја премине. Употребувајте го тогаш кога морате да чистите само дел од просторот или да го ограничите достапниот простор на Roombа до електричните кабли , кршливите предмети или Вашиот компјутер. Уникатноста на Halo виртуелниот ѕид е дека просторот не само што ќе го ограничите со линии, туку можете и со кругови. Така што домаќинствата со животни се особено воодушевени бидејќи може да се направи круг околу садовите со храна и вода на милениците, така што Roombа нема да ги превртува.

За кого?

За средно големите станови или малите куќи бидејќи постои опасност роботот да отиде кај драгоцени предмети или во садовите со храна и вода на Вашите миленици. Функцијата Virtual Halo безбедно ја насочува Roombа околку тие препреки. Технички спаѓа во роботска правосмукалка iRobot Roomba 775 во средна серија 700, во споредба со моделот 760 и 765 додаден е уште и оптички детектор за откривање нечистотија и индикатор за полн сад со нечистотија.

iRobot Roomba 790
775

пакетот содржи

Roomba 7751x Roomba 775

Батерија (во роботот)1x Батерија (во роботот)

Адаптер1x Адаптер

Автоматски виртуелен ѕид со функцијата Virtual Halo1x Автоматски виртуелен ѕид со функцијата Virtual Halo

Двоен AeroVac филтер2x Двоен AeroVac филтер

Прстен за чистење на четките1x Прстен за чистење на четките

Чешел за чистење на четките1x Чешел за чистење на четките

Далечински управувач1x Далечински управувач

Автоматски виртуелен ѕид1x Автоматски виртуелен ѕид

База за полнење1x База за полнење

 

за докупување

Сет филтри и четкиСет филтри и четки

Двоен AeroVac филтерДвоен AeroVac филтер

Сет додатоци серија 700Сет додатоци серија 700

 

техничка спецификација

Чистење на паркет, линолеум, теписи и тврди површи
Соодветно за домакинства со домашни миленици
Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt
Процесор на престижниот бренд ARM
42 различни сензори
Прилагодлива чистилна глава 2-ра генерација
Систем на странично чистење во должина на ѕидови и агли Wall Follow
Систем ANTITANGLE
Звучна и оптичка детекција на нечистотија Dirt Detect 2-ра генерација
Самостојно полнење во станицата за полнење
Функција за подесување на времето за чистење
Функција за виртуелн ѕид со Virtual Halo
Филтерен систем – двоен HEPA Type филтер
Обликуван браник од гума со бавен допир
Индикатор за полна кошница
Кошница за отпадоци AeroVac со голем капацитет 2-ра генерација
Рачка на расклопување за едноставно ракување
Препорачано за 4 соби и повеќе (до 150 m²)
Баттерии Ni-MH со висок капацитет и издржливост 3 часа
Време на полнење 3 часа
Употреба на енергија при полнење најмногу 33 W
Употреба на Stand-By најмногу 2 W
Димензии (mm) 350 x 92 (80 тело на роботот)
Тежина 3,85 Kg
Гласност < 60 dB

Roomba 775: Речник на поими

Roomba 775 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
 
Цена* 32 500,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата