iRobot® Roomba® 865 e oсновен модел од серија 800. Како и кај останатите модели од оваа серија, овој робот употребува револуционерна технологија за чистење AeroForce™, со што ефикасноста се зголемува за 50%. До 5 пати поголема моќ на чистење ја помагаат гумените четки со жлебови, кои многу ефикасно ја собираат прашината и друга нечистотија од сите видови подни површини, а потоа лесно се оддржуваат. Работи потивко, има вградена xLife батерија со која му дава два пати подолг живот на роботот, како и база за полнење со вграден адаптер. Оваа роботска правосмукалка ги има сите предности на 800 серија, без додатоци во пакетот и со цена достапна за секого.
iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.
Истиот тој сèопфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 15 милиони луѓе низ целиот свет.
iRobot Roomba доаѓа со проверени системи кои го означуваат iRobot како вистински робот. Листата започнува со најважните системи - iAdapt. Со овој уникатен систем и технологија Roomba ја проверува својата околина 60 пати во секунда со употреба на светлосни сензори и со 40 начини на движење се прилагодува и во специфичниот простор.
Ви ја претставуваме една од најважните иновации од воведување на роботските правосмукалки на пазарот. Револуционрениот систем за чистење AeroForce комбинира неколку елементи кои придонесуваат за поголема ефикасност на чистењето, дури и до 50%.
Благодарејќи на страничната четка Roomba може ефикасно да исчисти околу мебелот, по должината на ѕидовите и аглите, како и на тешко достапните места, што е и суштината на системот Follow wall.
Двете главни спротивно-ротирачки гумени четки со жлебови ќе ја соберат прашината и нечистотијата од сите видови на подови и теписи. Заради својот облик никогаш не задржуваат нечистотија, па затоа на четките не им треба одржување.
AeroForce системот го усмерува движењето на воздухот во тесниот дел измеѓу ротирачките четки, со што се зголемува неговото струење. Во комбинација со новите мотори значително ја зголемува моќта на вшмукување. Системот на Roomba серија 800 е многу поефикасен во однос на предходните модели на роботи. Вакуум вшмукување ја собира нечистотијата од подот и ја чува во садот за нечистотија. Филтрирањето се врши преку ХЕПА филтер
Моделот Roomba 865 е опремен со флескибилна глава за чистење AeroForce, која динамички се прилагодува на површината за чистење, без разлика на тоа дали се теписи, плочки, линолеум, паркет, ламинат и слично.
Roomba 865 има сад за собирање на нечистотијата со AeroForce технологија, така што со помош на ХЕПА филтерот ја собира и најситната прашина. Индикаторот за полн сад со нечистотија, ве советува дека е време да го испразните.
Dirt Detect системот втора генерација, користи акустични и оптички сензори, со кои ги пронаоѓа повеќе валканите места на подот и интензивно ги чисти.
Со оваа функција избирате ден и час кога да почне роботот со чистење. На тој начин Roomba може автоматски без ваша помош, секој ден во различно време да го чисти Вашиот простор. На пример: роботот е програмиран да чисти три пати неделно, што значи дека секоја недела во исто време, кое Вие сте го одбрале ќе го исчисти Вашиот дом, со што подот ќе го остави беспрекорно чист.
Просторот можете лесно да го ограничите со помош на виртуелниот ѕид, кој делува како невидлива препрека, која роботот не може да ја помине. Употребувајте го тогаш кога не сакате Roomba да го чисти целиот простор или да и го ограничите чистењето кај електрични кабли, кршливи предмети, компјутери и слично.
Roomba 865 е робот наменет за домаќинства каде не се потребни виртуелни ѕидови, само едноставна употреба без ограничување на дел или цели простории. Ефикасен робот од 800 серија, користи AeroForce технологијата на чистење, има xLife батерија за два пати подолг живот, работи потивко и е многу едноставна за оддржување..
iRobot мисли на секојдневното домаќинство, затоа ја иновираше технологијата ANTITANGLE, која спречува заплеткување во кабли или ресе од теписи. Кога четките ќе ја препознаат препреката ја менуваат насоката на вртење. На овој начин роботската правосмукалка се ослободува и може да си продолжи со чистење.
Благодарение на страничните четки и системот Wall Follow Roomba може ефективно да ги исчисти и регионите околу покуќнината, по должина на ѕидовите, аглите како и на тешко достапните места.
Двојниот "AeroVac" филтер ја задржува ситната прашина и нечистотијата
На Roombа не ѝ е потребно да ѝ се одреди начинот на работа или времето на чистење. Roomba сè уште самата си одредува со оглед на распоредот и големината на просторот кој го чисти. Притиснете го копчето CLEAN и Roomba се грижи за сè.
Благодарение на својата висина (9,2 cm) Roomba влегува под поголемиот број на апарати за домаќинство и може да ги исчисти и обично недостапните места. На пример под креветот или под апаратите во кујната. Димензиите се обликувани така што роботот е соодветен за европскиот мебел со ногарки.
Кога Roomba ќе процени дека чистењето е завршено, самостојно ќе ја побара својата базна станица за полнење, каде што ќе се наполни и ќе биде подготвена за следното чистење. Во базната станица роботската правосмукалка ќе се врати и во случајот ако дадете наредба со притиснување на копчето DOCK.
Кога Roomba ќе го наполни садот со нечистотија, ќе ве извести со светлосен сигнал дека садот е полн и треба да се испразни (во моделите на Roomba 775 и Roomba 880).
Roomba е роботска правосмукалка наменета за чистење на сите видови подни површини, како што се паркет, плочки, ламинат, линолеум, теписи, теписони.
Сензорите за спречување на пад од скали, осигуруваат дека Roomba нема да падне по скалите или од други високи површини.
Програмата SPOT е наменета за локално чистење. Роботот го чисти просторот во големина од 1 m². Ќе ви послужи како „лопатка и метла“, потоа кога во кујната по подот ви се истурил шеќер, или пак во случај кога треба да се ичисти прагот за чевли.
Редовното одржување го зголемува животниот век на вашата Roombа. Доволно е редовно да го празните садот за нечистотија, да ги чистите четките и предното тркало.
Роботот е способен сам да дијагностицира проблеми и со звучен сигнал ќе ве извести.
Roomba со леснотија преминува летвички, прагови или други ограничувања до висина од 2 cm.
Roomba со бавен допир ги открива препреките со помош на обликуваниот браник со гума. Благодарение на инфрацрвените зраци кои ги емитува браникот, роботот знае за препреката и пред неа забавува и бавно ја допира. Браникот е многу нежен за покуќнината. Непосредниот допир на препреките ја подобрува ефективноста на страничните четки кои од препреките ја чистат нечистотијата. Покрај тоа Roomba благодарение на браникот на допир проценува каде е виртуелниот ѕид кој се поставува на специфичните места. Роботските правосмукалки од серијата 700 се опремени со обликуван браник со гума за да роботот биде уште понежен со покуќнината.
1x XLife батерија
1x Базна станица со вграден адаптер
1x Roomba 865
AeroForce филтри за серија 800
Далечински управувач
Сет додатоци за серија 800
AeroForce четки за серија 800
Странични четки
iRobot Ви нуди можност за закажување на презентација на роботските апарати за домаќинство во време и место кое вам ви одговара. Едноставно јавете се на 076248246 или испратете маил на info@irobot.com.mk оставете ваши податоци, ние ќе ве побараме.
AeroForce технологија на чистење.