Roomba 966

401 0.0
цена 43 000,00 ден во кошница
На залиха
Roomba 966 banner
 

За производот

     
 
 

Roomba® 966 за разлика од другите роботи, има нова навигација iAdapt 2.0 со визуелно препознавање на просторот. Новата навигација и новата 2.130 mAh литиум-јонска батерија и овозможуваат на Roomba по потреба кога чисти големи простории, може да се врати да ја наполни батеријата и да се врати да го дочисти останатиот простор. Заради оваа можност овој модел има способност да искчисти до 150м2. За чистењето соба по соба нема потреба од виртуелен ѕид светилник, ни други додатоци. За ограничување на просторот можете да го користите новиот виртуелен ѕид со двојна функција (како ѕид со домет до 3 метра или како круг со дијаметар од 60 cm). За разлика од другите серии, оваа чисти редоследно, квадрат по квадрат, по права линија. Новата Roomba се управува преку апликација за мобилен или таблет. За нејзино функционирање, потребна ви е безжична мрежа. Исто така преку апликацијата на мобилен вие го местите распоредот на времето за чистење и можете да разгледате некоја интересна видео информација. Со апликацијата за мобилен секогаш сте информирани за работата на Roomba и нејзините потреби, на пример: колку време работела, кога работела, дали е полн садот за нечистотија со прашина и дали треба да го испразните и слично. Има вграден тристепен систем на чистење AeroForce. Во пакетот покрај Roomba-та, базната станица за понење, добивате и еден виртуелен ѕид со двојна функција, еден резервен високоефикасен филтер AeroForce, како и една резервна странична четка.

Главни предности на Roombа 966

  • Чистење на сите видови подови и теписи
  • Наменета за чистење на големи простори до 150 m2
  • Кај поголеми површини, по потреба оди да се наполни и потоа сама продолжува со работа се додека не го исчисти целиот простор
  • Апликација iRobot Home за вашиот паметен телефон
  • Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt® 2.0
  • Тристепен систем на чистење со AeroForce™
  • Систем за чистење по должината на ѕидовите и аглите WallFolow
  • Прилагодлива глава за чистење со гумени четки AeroForce™
  • Сад за нечистотија 3 генерација AeroForce™
  • Филтрирање со “HEPA” филтер
  • Индикатор за полн сад со нечистотија
  • АNTITANGLE систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
  • Акустична и оптичка детекција на прашина
  • Функција за програмирање на времето за чистење
  • Функција на нов виртуелен ѕид WirtualWall® со двојна функција
  • Обликуван браник чуствителен на допир
  • Сензори за заштита од пад од скали
  • AeroForce™ четки со заштита од запле
  • Нова 2,130 mAh Li-Ion (литиум-јонска) батерија
  • Базна станица за полнење со вграден адаптер
  • Минимално одржување

Зошто да одберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

Истиот тој сèопфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 15 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Roomba 966

Интелигентен систем за навигација - iAdapt 2.0

Полнење и продолжување со работа

Постојано работи до 1 час и 15 мин*, а потоа автоматски оди да ја наполни батеријата и продолжува со работа, се додека чистењето на го заврши до крај.
*Тестирано на тврди подови во лабораторијата на iRobot. Должината на времето на чистење може да се разликува и зависи од конфигурацијата и опременост со мебел на самиот терен што го чисти.

Roomba 790

Апликација iRobot HOME

Апликацијаta iRobot HOME ви овозможува лесно планирање и чистење во било кое време, без разлика каде се наоѓате. Можете да ја користете апликацијата или едноставно само да притиснете CLEAN на роботот.

Тристепен систем на чистење AeroForce™

Тристепениот систем за чистење AeroForce™ е повеќе од обично чистење со правосмукалка: за ефикасното чистење користи комбинација од одвојување, четкање и вшмукување.

1.Одвојување

Нечистотијата и прашината ги одвојува од влакната на теписите

2.Четкање

Двата екстрактори кои се вртат во спротивни насоки, ја креваат нечистотијата и прашината од сите видови подови

3.Вшмукување

Новиот мотор 3 (трета) генерација овозможува до 10 пати поголема моќ на чистење*

*Во споредба со системите на моделите на Roomba® 600 и 700 серија AeroVac™.

Прилагодлива глава за чистење AeroForce™

Моделот Roomba 966 има прилагодлива глава за чистење AeroForce™, која динамично се прилагодува на површината за чистење, без разлика дали се работи за тврди подови, теписи, линолеум или плочки.

Сад за нечистотија AeroForce™ 3-та генерација

*Во споредба со ситемите на Roomba од 600 и 700 серија.

Roomba 790

Акустичен и оптички сензор за нечистотија

Системот DirtDetect 2-ра генерација, со помош на акустичните и оптичките сензори ги препознава повеќе валканите места, таму Roomba повеќе се задржува и интензивно ги чисти.

Програмирање на времето за чистење

Со оваа функција можете да одберете ден и час за почеток на чистењето. Така Roomba може автоматски, без ваша помош, секој ден во време кое вам ви одговара да ја наместите Roomba да го чисти вашиот дом. На пример, роботот можете да го наместите да чисти три пати неделно, што значи дека секоја недела, во времето кое сте го избрале, Roomba ќе го чисти просторот.

Значење на виртуелен ѕид со двојна функција

Со двата начина на чистење, имате подобар преглед над просторот кој се чисти
• Начин со виртуелен ѕид VirtualWall го усмерува вашиот робот да чисти таму каде вие сакате и да ги заобиколи местата кои не сакате да ги чистите.
• Начин “HALO” го задршува роботот на растојание од предметите кои сакате да ги заштитите. Со оваа функција сопствениците на домашни миленици се посебно релаксирани.

За кого?

Roomba 966 е наменета за сопственици на големи или мали станови или куќи, односно за луѓе кои не прифаќаат компромиси. Одличниот AeroForce™ систем за чистење, ќе ја исчисти целата прашина од просторот, а навигацијата iAdapt® во комбинација со функцијата vSlam® за визуелизација на просторот ќе се погрижи, ниеден дел од вашиот стан да остане не исчистен. Може да исчисти неверојатни 150 m2, токму поради новата функција која овозможува роботот во текот на чистењето да ја наполни батеријата, а потоа да продолжи со чистење. Со роботот можете да управувате или со апликација за smart телефони iRobot HOME или рачно. Ова е робот кој едноставно се користи и лесно одржува.

iRobot Roomba 790
966

пакетот содржи

Странична четка1x Странична четка

Базна станица со вграден адаптер1x Базна станица со вграден адаптер

Виртуелен ѕид/хало -Wirtual Wall® со двојна функција1x Виртуелен ѕид/хало -Wirtual Wall® со двојна функција

AeroForce филтер1x AeroForce филтер

Li-Ion батерија1x Li-Ion батерија

Roomba 980 - copy - copy1x Roomba 980 - copy - copy

 

за докупување

AeroForce четки за серија 900AeroForce четки за серија 900

Странични четкиСтранични четки

AeroForce филтри 3 во пакувањеAeroForce филтри 3 во пакување

 

техничка спецификација

Чисти прашина, влакна и друга нечистотија на сите видови на тврди подови како што се: паркет, ламинат, плочки, теписи, теписони итн.
Одговара за домаќинства со домашни миленици
Најинтелигентен систем за чистење и навигација iAdapt 2.0
Процесор на престижната трговска марка ARM
Чистење со технологија AeroForce™
Систем за странично чистење по должина на ѕидови и агли Wall Follow
Систем ANTITANGLE – спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
Акустична и оптичка детекција на нечистотија DirtDetect 2 генерација
Автоматско враќање до базната станица по секое чистење
Функција на програмирање на времето за чистење
Виртуелен ѕид со двојна функција
Филтрирање со Хепа филтер
Функција за продолжување на чистењето
Обликуван браник со бавен допир
Индикатор за пол сад со нечистотија
Сад за нечистотија AeroForce™ со голем капацитет 3 генерација
Способност за чистење на големи станови или куќи (до 150 m²) на еден циклус на полнење
Нова 2,130 mAh Литиум-јонска (Li-Ion) батерија
Време на полнење 2 часа
Димензии (mm) 351 x 92
Тежина 4 Kg
Бука < 58 dB

Roomba 966: Речник на поими

Roomba 966 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
 
Цена* 43 000,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата