Mirra 530 - copy
За производот
Нема повеќе наведнување, грбавење и навалување на работ од базенот за да ги отстраните лисјата и другата нечистотија. Најновата генрација на роботи за чистење базени ни доаѓа со напредна технологија за чистење на Вашиот базен. Mirra 530 има вградена технологија за навигација AdaptNautiq со која роботот интелигентно, ефективно и квалитетно ќе го исчисти Вашиот базен. Mirra има сопствена пумпа и систем за филтрирање кој едноставно се чисти. Mirra длабински ги чисти површините на базенот и водата без користење на системот за филтрирање на базенот, цревата или пумпите за притисок. Дополнителен бонус...заштеда на електрична енергија поради пореткото користење на овие системи во базенот.
Главни предности на Mirra 530
- Многу едноставно ракување и одржување на работот
- Филтри кои едноставно се вадат и чистат од нечистотија
- Модерен и практичен дизајн
- Интелигентен систем за навигација iAdapt Nautiq
- Го чисти целиот базен, дното и ѕидовите на базенот
- Вградениот жироскоп не му дозволува заплеткување во кабелот
- Филтрира 265 литри во минута (16 m3 на час)
- Активната PVC четка вшмукува нечистотија, алги и бактерии од дното и ѕидовите на базенот
- Дизајниран за базени до 80 m2
- Тежина само 7,7 кг
Зошто да одберете робот од iRobot?
iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.
Истиот тој сè опфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 12 милиони луѓе низ целиот свет.
Главни функции
Mirra 530
Чистење со системот за навигација iAdapt Nautiq
При дизајнирање на iAdapt Nautiq инженерите се воодушевија на резултатите за системот iAdapt на робот правосмукалките iRobot Roomba и чистачи Scooba. Потоа пак се прилагодија за ефективна употреба на тридимензионалните услови. И чистачот на базени iRobot Mirra 530 најнапред ги мери димензиите на базенот и потоа врз основа на тоа избира најсоодветна програма за чистење. Секое место го чисти повеќе пати и веднаш реагира на актуелните услови затоа може да достигне до најдобри резултати.
Го чисти дното и ѕидовите на базенот
iRobot Mirra 530 се движи на четири тркала кои се направени од PVA. Употребата на овој материјал обезбедува одлична опременост и стабилност на сите базенски површини. Благодарение на одлично опремените тркала од PVA , Mirra може безбедно да се движи по дното и по ѕидовите на базенот.
PVC четка
Е дел од чистилниот систем на роботот за чистење на базени Mirra 530. Активната PVC четка ги отстранува долготрајните дамки и бактерии кои потоа ги вшмукува и ги чува во кошницата за филтри.
Соспствена пумпа и систем за филтрирање
iRobot Mirra 530 за чистење на базен, употребува своја пумпа како и филтерен систем со многу ефективни филтри. Mirra може да филтрира 265 литри вода во минута, тоа е 16.000 литри вода на час. Моќната пумпа ја врти водата по целиот базен, така што роботот полесо ја филтрира. Оваа постапка на кратко ја подобрува циркулацијата на водата, со што му помага на вградениот централен систем за филтрирање.
Многу едноставен за употреба и одржување
Робот чистачот на базени Mirra 530 филтрира нечистотија со два посебни филтра, на кои нечистотијата се задржува. Доволно е да ја истресете нечистотијата и филтрите да ги исперете со чиста вода.
Кому е наменет?
Роботот за чистење базени iRobot Mirra е идеален за оние кои сакаат да заштедат време и наместо тоа би одмарале на лежалки и да би се занимавале со повеќе интересни активности. iRobot Mirra всушност го чисти базенот за Вас.
техничка спецификација
Mirra 530 - copy: Речник на поими
Mirra 530 - copy видео
последни новости на интернет
ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
iRobot Ви нуди можност за закажување на презентација на роботските апарати за домаќинство во време и место кое вам ви одговара. Едноставно јавете се на 076248246 или испратете маил на info@irobot.com.mk оставете ваши податоци, ние ќе ве побараме.
01.01.1970
сите новостиновости за производите
Roomba® Combo Essential Smoke
ПРОМО Правосмука и брише, лесен за употреба. Погоден за помали станови.
сите производи