Roomba 980 - copy
За производот
Една од предностите на новата Roomba 980 е тоа што може да ги исчисти сите подови во вашиот дом (до 185 м2). По потреба, за време на чистењето може да оди да ја наполни батеријата и повторно да се врати во просторијата каде подот сѐ уште не е исчистен. Освен познатата технологија iAdapt® за ориентација во просторот, вградена е и нова технологија vSLAM® со која просторот го препознава визуелно. Новитет е апликацијата која може да се користи на паметните телефони и таблети, со која можете да го направите распоредот за чистење или пак можете да ја вклучите Roomba да чисти, додека сте на своето работно место. Посебно се истакнува употребата на новата литиум-јонска батерија. AeroForce™ системот на чистење има нова, таканаречена CarpetBoost функција, која овозможува засилување на моторната сила за 10 пати, за време на чистење на теписи.
Главни предности на Roombа 980
- Чистење на сите видови подови и теписи
- Наменета за чистење на големи простори до 185 m2
- Кај поголеми површини, по потреба оди да се наполни и потоа сама продолжува со работа се додека не го исчисти целиот простор
- Апликација iRobot Home за вашиот паметен телефон
- Најпаметен систем за чистење и навигација iAdapt® 2.0
- Тристепен систем на чистење со AeroForce™
- Систем за чистење по должината на ѕидовите и аглите WallFolow
- Прилагодлива глава за чистење со гумени четки AeroForce™
- Сад за нечистотија 3 генерација AeroForce™, со CarpetBoost функција
- Филтрирање со “HEPA” филтер
- Индикатор за полн сад со нечистотија
- АNTITANGLE систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
- Акустична и оптичка детекција на прашина
- Функција за програмирање на времето за чистење
- Функција на нов виртуелен ѕид WirtualWall® со двојна функција
- Обликуван браник чуствителен на допир
- Сензори за заштита од пад од скали
- AeroForce™ четки со заштита од запле
- Нова Li-Ion (литиум-јонска) батерија
- Базна станица за полнење со вграден адаптер
- Минимално одржување
Зошто да одберете робот од iRobot?
iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.
Истиот тој сèопфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 14 милиони луѓе низ целиот свет.
Главни функции
iRobot Roomba 980
Интелигентен систем за навигација - iAdapt 2.0
Навигацијата - iAdapt 2.0 со визуелна локализација и помага на Roomba ефикасно да се движи по целата површина на вашиот дом, знае каде се наоѓа и по потреба оди да се наполни, за да продолжи да чисти, како би го завршила целиот циклус на чистење.
Полнење и продолжување со работа
Постојано работи до 2 часа*, а потоа автоматски оди да ја наполни батеријата и продолжува со работа, се додека чистењето на го заврши до крај.
*Тестирано на тврди подови во лабораторијата на iRobot. Должината на времето на чистење може да се разликува и зависи од конфигурацијата и опременост со мебел на самиот терен што го чисти.
Апликација iRobot HOME
Апликацијаta iRobot HOME ви овозможува лесно планирање и чистење во било кое време, без разлика каде се наоѓате. Можете да ја користете апликацијата или едноставно само да притиснете CLEAN на роботот.
Тристепен систем на чистење AeroForce™
Тристепениот систем за чистење AeroForce™ е повеќе од обично чистење со правосмукалка: за ефикасното чистење користи комбинација од одвојување, четкање и вшмукување.
1.Одвојување
Нечистотијата и прашината ги одвојува од влакната на теписите
2.Четкање
Двата екстрактори кои се вртат во спротивни насоки, ја креваат нечистотијата и прашината од сите видови подови
3.Вшмукување
Новиот мотор 3 (трета) генерација овозможува до 10 пати поголема моќ на чистење*
*Во споредба со системите на моделите на Roomba® 600 и 700 серија AeroVac™.
Прилагодлива глава за чистење AeroForce™
Моделот Roomba 980 има прилагодлива глава за чистење AeroForce™, која динамично се прилагодува на површината за чистење, без разлика дали се работи за тврди подови, теписи, линолеум или плочки.
Сад за нечистотија AeroForce™ 3-та генерација
Поголема моќ со помош на функцијата CarpetBoost: системот за чистење AeroForce™ со помош на функцијата CarpetBoost овозможува и до 10 пати поголема моќ на вшмукување*, односно автоматски ја зголемува моќта на моторот кога се наоѓа на теписи или теписони, каде најмногу има прашина и нечистотија.
*Во споредба со ситемите на Roomba од 600 и 700 серија.
Акустичен и оптички сензор за нечистотија
Системот DirtDetect 2-ра генерација, со помош на акустичните и оптичките сензори ги препознава повеќе валканите места, таму Roomba повеќе се задржува и интензивно ги чисти.
Програмирање на времето за чистење
Со оваа функција можете да одберете ден и час за почеток на чистењето. Така Roomba може автоматски, без ваша помош, секој ден во време кое вам ви одговара да ја наместите Roomba да го чисти вашиот дом. На пример, роботот можете да го наместите да чисти три пати неделно, што значи дека секоја недела, во времето кое сте го избрале, Roomba ќе го чисти просторот.
Значење на виртуелен ѕид со двојна функција
Со двата начина на чистење, имате подобар преглед над просторот кој се чисти
• Начин со виртуелен ѕид VirtualWall го усмерува вашиот робот да чисти таму каде вие сакате и да ги заобиколи местата кои не сакате да ги чистите.
• Начин “HALO” го задршува роботот на растојание од предметите кои сакате да ги заштитите. Со оваа функција сопствениците на домашни миленици се посебно релаксирани.
За кого?
Roomba 980 е наменета за сопственици на големи или мали станови или куќи, односно за луѓе кои не прифаќаат компромиси. Одличниот AeroForce™ систем за чистење, ќе ја исчисти целата прашина од просторот, а навигацијата iAdapt® во комбинација со функцијата vSlam® за визуелизација на просторот ќе се погрижи, ниеден дел од вашиот стан да остане не исчистен. Може да исчисти неверојатни 185 m2, токму поради новата функција која овозможува роботот во текот на чистењето да ја наполни батеријата, а потоа да продолжи со чистење. Со роботот можете да управувате или со апликација за smart телефони iRobot HOME или рачно. Ова е робот кој едноставно се користи и лесно одржува.
пакетот содржи
1x Странична четка
1x Базна станица со вграден адаптер
2x Виртуелен ѕид/хало -Wirtual Wall® со двојна функција
1x AeroForce филтер
1x Li-Ion батерија
1x Roomba 980
за докупување
AeroForce четки за серија 900
Странични четки
AeroForce филтри 3 во пакување
техничка спецификација
Roomba 980 - copy: Речник на поими
- функција за виртуелни ѕидови
- функција за виртуелни ѕидови со светилник
- функција за програмирање на времето за чистење
- сензори за спречување на пад од скали
- сите видови на подни површини
- индикатор за полн сад со нечистотија
- станица за полнење
- компактни димензии
- едноставен начин на управување
- AeroVac двоен филтер
- систем Wall Follow
- ANTITANGLE
- програма SPOT
- обликуван браник
- роботска правосмукалка
- iAdapt
- звучна детекција на нечистотија
- преминување прагови
- дијагностицирање проблеми
- прилагодлива глава за чистење
- 42 сензори
Roomba 980 - copy видео
последни новости на интернет
ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
iRobot Ви нуди можност за закажување на презентација на роботските апарати за домаќинство во време и место кое вам ви одговара. Едноставно јавете се на 076248246 или испратете маил на info@irobot.com.mk оставете ваши податоци, ние ќе ве побараме.
01.01.1970
сите новостиновости за производите
Roomba Combo i5+
i5 Роботска правосмукалка и чистач Roomba Combo® i5 е дизајниран за влажно и суво чистење на подови - можете лесно да го префрлите од правосмукалка за сите видови подови на чистач + џогер за тврди површини со едноставна замена на садот. Вметнете го сад
сите производи