Braava 390t

304 0.0
цена 24 599,00 ден во кошница
На залиха
Braava 390t banner
 

За производот

     
 
 

Темната ноќ влегува низ прозорецот во дневната соба. Да не беше светлината од телевизорот, би владеела во секој агол во просторот. Таткото изморен дреме на фотељата, мајката конечно ги успива децата. Низ целата куќа завладеа мирна тишина, но и покрај тоа во кујната се работи со полна пареа. Роботскиот чистач за под Braava 390T во ноќната смена успешно ја чисти нечистотијата на линолеумот и на плочките. Својата работа ја извршува толку тивко, што никој не ја забележува. Тоа, кај моделот 390Т, го овозможуваат двете крпи од микровлакна и NASA технологијата.

Главни предности на Braavа 390

  • Многу тивко работење
  • Ефективна крпа со микровлакна
  • Едноставно управување
  • За сите видови тврди површини
  • NorthStar навигација
  • Систем Pro-Clean: со резервоар за вода за чистење
  • Два начини на чистење: суво и водено
  • Чистење на подови и под апаратите за домаќинство
  • Функција Пауза/Продолжување

Зошто да изберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, чиј профит првенствено е насочен кон неговиот развој. iRobot е производ на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), кои со роботиката конечно го променија светот и начинот на кој работиме, учиме, лекуваме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. Во 1998 год. iRobot го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

По терористичките напади на трговскиот центар во 2001 год., американската влада го испрати на спасувачка акција iRobot PackBot. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011 година. Во 2002 година, iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата роботска правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со воведување на нови роботи за домаќинства. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите, им помага на повеќе од 14 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Braava 390T

NorthStar навигација

Технологијата беше развиена во соработка со американската агенција NASA и работи како куќен GPS. NorthStar навигациската коцка ѝ праќа на Braavа сигнал со кој ја утврдува моменталната положба во просторот. Благодарение на на него, Braava знае што е веќе исчистено, а кој простор не. Кога Braava завршува со чистењето, се враќа на место од каде што започнала и се затвора.

Ефективни крпи од микровлакна

iRobot Braavа може да ја употребувате за суво и/или за водено чистење. Можете да употребувате посебни крпи од микровлака или крпи за една употреба. Белата крпа собира прашина, влакна, влакна од животни и се употребува за суво чистење. Сината крпа е направена за водено чистење. Крпите едноставно се поставуваат на главата за чистење која со магнет е припиена на роботот и по завршувањето на чистењето едноставно се вади и се пере во машина за перење.

Тивко чистење

Braava за време на своето работење е извонредно тивка. Без тешкотии може да чисти на полноќ или наутро и со сигурност нема да разбуди никој. Braava не е правосмукалка и за тоа има вградено лесен тивок мотор, сепак и покрај тоа темелно собра прашина, влакна и друга нечистотија.

Roomba 790

Два начини на чистење

Braava 390Т овозможува два начини на чистење: суво и водено чистење. При сувиот начин на чистење, Braava ја отстранува прашината, влакната и другата нечистотија од сите видови подни површини; не може пак да се справи со тврдокорните дамки кои се лепат на подот. Со леснотија се собираат на крпите од микровлакна , кои на крајот само ги тресете или исперете. Во мокриот начин на чистење, Braava со помош на посебни движења (горе, долу, лево, десно) и водените крпи, ја собира нечистотијата и го полира подот.

Чистење на подови и под апаратите за домаќинство

Braava чисти интелигентно и достоинствено. Без тешкотии се движи под апаратите за домаќинство, креветите, елементите во кујната, маси, столици без да ги оштети предметите. Се движи покрај скалите и теписите, се врти покрај нив и го чисти просторот околу. Вашата Braava знае уште и дека не е возможно чистењето на теписите со крпа од микровлакна.

Pro-Clean Sistem

Pro-Clean ситемот е дел од воденото чистење на роботот Braava 390Т. Pro-Clean со сад, суштински ја зголемува ефективноста на чистењето. Делува како резервоар при кој садот за главата за чистење го полниме со вода или со средство за чистење под, коj потоа при воденото чистење постепено испушта течност во крпата за чистење и ја наводенува.

Функција за пауза и продолжување со работа

Морате да ја прекинете Braavа, за да видите што и како исчистила и потоа да продолжи? Нема проблем. Функцијата пауза/продолжување овозможува Braava да продолжи со чистењето каде што сте ја застанале. Braava ги запомнува условите во пределите каде што чисти. Така што може лесно на средина од чистењето да ја смениме крпата и роботот по замената ќе продолжи со чистењето.

Кому е наменет?

Роботскиот чистач на подови iRobot Braava 390Т е многу корисен за секој дом кој има паркет или плочки, пред сè за поголеми домаќинства или куќи. Со едно полнење Braava може да исчисти со суво чистење површина до 93 m2 или со водено чистење до 33 m2. Голема предност е Системот Pro-Clean, кој овозможува чистење на сите видови подови. Braava 390Т може исто така многу брзо да се наполни за само 2 часа со турбо полначот, што значи дека многу брзо се враќа назад на работа.

iRobot Braava 390T

пакетот содржи

Платформа Pro-Clean1x Платформа Pro-Clean

Платформа за суво бришење1x Платформа за суво бришење

Навигација NorthStar1x Навигација NorthStar

Крпа од микровлакна за суво чистење2x Крпа од микровлакна за суво чистење

Крпа од микровлакна за мокро чистење2x Крпа од микровлакна за мокро чистење

Станица за турбо полнење1x Станица за турбо полнење

Батерија1x Батерија

Адаптер1x Адаптер

Braava 390t1x Braava 390t

 

за докупување

Навигациска коцка - канал 2Навигациска коцка - канал 2

ДозериДозери

MIX-Крпи за BraavaMIX-Крпи за Braava

Навигациска коцка - канал 1Навигациска коцка - канал 1

3 х Крпи за мокро чистење3 х Крпи за мокро чистење

 

техничка спецификација

Потполно тивко работење
Ефективна крпа од микровлакна
Едноставно управување
За сите видови тврди подови
NorthStar навигација
Два начина на чистење: суво и водено
Pro-Clean платформа со резервоар за течност
Чистење по должина на рабови и под мебел
Сензори за спречување на пад од скали
Функција пауза/вклучување (Pause/Resume)
Функција за брзо полнење
Рачка на расклопување за едноставно ракување
NiMH батерија 2000 mAh
Суво чистење – батерија: до 4 часа/ 93 m²
Водено чистење - батерија: до 2,5 часа/ 33 m²
Време на полнење: 4 часа,односно 2 часа со турбо полначот
Тежина: 1,8 kg
Димензии: 244 x 216 x 79 mm

Braava 390t: Речник на поими

Braava 390t видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
 
Цена* 24 599,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата