Scooba 450

222 0.0
цена 46 999,00 ден во кошница
Нема на залиха
Scooba 450 banner
 

За производот

     
 
 

Од 2005-та година, кога компанијата прв пат ја претставила iRobot Scooba роботската машина за триење подови, поминаа многу години. Сега пристигна иновативниот модел iRobot Scooba 450, која радикално ќе ги промени стандардите за чистење. Повеќе од три години развој и повеќе милиони долари вложени во развој, резултираа со потполно нов робот за триење на подови. Scooba 450 се карактеризира со висока ефикасност на чистење, едноставна употреба и едноставно одржување. Збогувајте се со рачното чистење подови и поздравете ја новата iRobot Scooba 450. Покрај тоа, таа е убава, паметна и многу ефикасна.

Главни карактеристики на Scooba 450

  • Уникатен тристепен процес на чистење
  • Ефикасно и внимателно ги чисти сите видови на тврди подови
  • Ротирачката четка има 600 вртежи во минута
  • iAdapt системот за навигација е оптимизиран за триење подови
  • До 99,3% од бактериите се уништуваат за време на чистењето
  • Два начина на чистење: 40 минутно до 28 m2, како и 20 минутно до 14 m2
  • Поделен резервоар за чиста и нечиста вода
  • Scooba Juice - многу ефикасно средство за чистење на база на природни ензими



Зошто да одберете робот од iRobot

iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

Истиот тој сè опфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 10 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Scooba 450

Систем на чистење и навигација iAdapt

Системот и навигацијата за чистење на просторот iRobot го има проверено во повеќе од 12 милиони домаќинства ширум светот. Scooba 450 користи навигација iAdapt која е оптимизирана за максимална ефикасност.

Тристепен процес на чистење

iRobot Scooba 450 има три степени на чистење. Тоа значи дека роботот за триење подови ја отстранува нечистотијата од Вашиот дом во 3 чекори. На крај останува само чист и скоро сув под.

1. Вшмукување и користење на течност за чистење

Scooba 450 прво го вшмукува подот. Бидејќи не е вистинска правосмукалка, препорачуваме прво да ја користите Roomba. Потоа Scooba на подот нанесува раствор на вода и средството за чистење Scooba juice.

2. Миење и триење на подовите

Во вториот чекор Scooba 450 го чисти подот со помош на ротирачката четка која има брзина од 600 вртежи во минута. На тој начин се отстрануваат дури и најтврдокорните дамки.

3. Вшмукување на нечистата вода и сушење

Посебно дизајнираната четка ја брише нечистата вода и ја вшмукува во посебен сад и на тој начин не доаѓа во контакт со чистата вода. На крајот на чистењето Scooba остава скоро сув под.

Scooba 390

Двоен поделен резервоар

Резервоарот на Scooba е поделен на два дела и затоа чистата вода никогаш не доаѓа во контакт со нечистата вода. Чистењето е похигиенско.

Два начини на чистење

Scooba нуди избор на два начина на чистење. Првиот начин е за чистење на мали простории до 14м2 со времетраење од 20 минути. Вториот начин на чистење е за поголеми простории до 28м2 со времетраење од 40 минути.

Функција на виртуелен ѕид

Виртуелниот ѕид служи за ограничување на просторот за чистење. Тоа значи дека Scooba застанува на границата која ја прави виртуелниот ѕид, што значи дека не може од кујната да помине во дневната соба. Невидливата бариера настанува кога ќе го вклучиме виртуелниот ѕид.

Браник чувствителен на допир

Браникот чувствителен на допир е внимателен со мебелот и предметите на подот. Scooba внимателно ги допира мебелот и предметите, така да не морате да се грижите дека може нешто да оштети.

Управување и одржување

Благодарејќи на новата технологија Scooba 450 е едноставна за користење и не бара многу одржување. Со притискање на едно копче почнува да работи. Во едниот дел од резервоарот ја користи чистата вода и средството за чистење, а во другиот дел ја чува нечистата вода. Иновативното копче со индикатор за прогресот на чистењето и состојбата на батеријата, ја олеснува работата со Scooba.

Кому е наменет?

За сите кои сакаат своето слободно време да го поминат на нешто многу поважно, наместо да ги чистат подовите во домот. Елегантната Scooba 450 чисти до 28м2 за 40 минути или 14м2 за само 20-тина минути. Чисти паметно, внимателно и квалитетно. Scooba 450 е наменета за станови, куќи, канцеларии, ординации, градинки и слично. При чистењето уништува повеќе од 99% од сите бактерии, со што можете да бидете спокојни за безбедноста на своите деца, роднини, клиенти или пациенти.

iRobot Scooba 390
450

пакетот содржи

Автоматски виртуелен ѕид1x Автоматски виртуелен ѕид

Батерија1x Батерија

Scooba 4501x Scooba 450

 

за докупување

База за сушење и полнењеБаза за сушење и полнење

Сет за обновувањеСет за обновување

 

техничка спецификација

Водено чистење на тврди подови
Најинтелигентен систем за чистење iAdapt
Процесор на престижната трговска марка ARM
Два циклуса на чистење – до 28 m2 за 40 минути и до 14 m2 за 20 минути
Сензори за спречување на пад од скали
Браник чувствителен на допир
Функција на виртуелен ѕид
Батерија со голем капацитет Ni-MH 3000 mAh
Надворешно напојување
Време на полнење 3 часа
Употреба на енергија при полнење најмногу 33 W
Употреба на Stand-By најмногу 2 W

Scooba 450: Речник на поими

Scooba 450 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
Цена* 46 999,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата