ПроизводиRoomba 620

14 5.0
цена 24 999,00 ден
На залиха
во кошница
Roomba 620 banner
 

За производот

     
 
 

Замислете си ја Roomba 620 како влезот во најпаметните робот правосмукалки iRobot и не се плашете да ја отворите таа врата. Ве чека свет каде што роботот чисти и го прави тоа многу ефикасно. При купување на врвен робот со напредната технологија за глава за чистење, систем за чистење iAdapt, модерен сад за нечистотија AeroVac, систем Dirt Detect и ANTITANGLE, програма SPOT и друго. Не купувајте бледи копии, кога можете да имате оригинал.

Главни предности на Roomba 620

  • Чистење на сите видови на тврди подови како што се паркет, ламинат, плочки, теписи, теписони итн.
  • Интелигентен систем за навигација iAdapt
  • Тристепен систем за чистење
  • Систем “Wall Follow” за чистење по должина на ѕидови и агли
  • Прилагодлива глава за чистење 2-ра генерација
  • Сад за нечистотија AeroVac со голем капацитет
  • Систем за филтрирање преку "AeroVac" филтер кој ја задржува ситната прашина и нечистотијата
  • ANTITANGLE систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
  • Акустична детекција на нечистотија
  • Профилиран браник со бавен допир
  • Сензори за заштита од пад по скали

Зошто да изберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, чиј профит првенствено е насочен кон неговиот развој. iRobot е производ на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), кои со роботиката конечно го променија светот и начинот на кој работиме, учиме, лекуваме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. Во 1998 год. iRobot го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

По терористичките напади на трговскиот центар во 2001 год., американската влада го испрати на спасувачка акција iRobot PackBot. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011 година. Во 2002 година, iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата роботска правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со воведување на нови роботи за домаќинства. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите, им помага на повеќе од 14 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Roomba 620

Интелигентен систем за навигација iAdapt

iRobot Roomba доаѓа со проверени системи кои го означуваат iRobot како вистински робот. Листата започнува со најважните системи iAdapt. Со овој уникатен систем и технологија Roomba ја проверува својата околина 60 пати во секунда со употреба на светлосни сензори и со 40 начини на движење се прилагодува и во специфичен простор.

Тристепен систем за чистење

Тристепениот систем за чистење овозможува ефективно и квалитетно собирање прашина, влакна и друга нечистотија. Во исто време се одвиваат сите три процеси:

1. Ротирачка странична четка

Ротирачка странична четка чисти по должината на ѕидовите, аглите и на тешко достапните места.

2. Две спротивно ротирачки четки

Roomba за најефективно чистење употребува две спротивно ротирачки четки кои работат заедно како лопатка и метла, кои од подот собирааат повеќе прашина, влакна и друга нечистотија.

3. Вакумско вшмукување

Вакумското вшмукување е уште поинтензивно чистење кое ја собира нечистотијата во садот.

Прилагодлива глава за чистење втора генерација

Прилагодлива глава за чистење е втора генерација на прилагодливи системи за чистење кои самостојно се прилагодуваат на различни подни површини (ламинат, теписи, линолеум, плочки).

Roomba 790

Сад за нечистотија со висок капацитет

Садот за нечистотија со висок капацитет AeroVac е идеално решение за домаќинства со домашни миленици, ја собира и најситната прашина.

Звучно детектирање прав

Со употреба на звучните сензори и технологијата Dirt Detect се фокусира на чистењето каде што е најпотребно.

Кому е наменет?

Роботска правосмукалката iRobot Roomba 620 е идеална за станови и куќи сo површина на под до 90 m². Поради отсутноста на функцијата за местење на времето за чистење, потребно е рачно активирање на правосмукалката со помош на копчето CLEAN, понатамошното чистење пак е потполно автоматско како кај повисоките модели од серијата 600 и 700. Виртуелениот ѕид, кој го олеснува организирањето на чистењето, можете да го набавите подоцна.

iRobot Roomba 790
620

останати важни функции

ANTITANGLE
Ni-MH батерија
систем Wall Follow
едноставен начин на управување
компактни димензии
Aerovac филтер
станица за полнење
сите видови на подни површини
сензори за спречување на пад од скали
програма SPOT
едноставно одржување
дијагностицирање проблеми
преминување прагови
браник со бавен допир
 
 

ANTITANGLE

iRobot мисли на секојдневното домаќинство, затоа ја иновираше технологијата ANTITANGLE, која спречува заплеткување во кабли или ресе од теписи. Кога четките ќе ја препознаат препреката ја менуваат насоката на вртење. На овој начин роботската правосмукалка се ослободува и може да си продолжи со чистење.

 

Ni-MH батерија

iRobot го напојуваат батериите Ni-MH (Nikl-Metal Hydrid). Нивната предност е дека пренесуваат високо електрична енергија во елекртомоторите на роботот и за тоа време сочувуваат долг животен век и еднаков напон. На тој начин роботот може да чисти долго време со целосно полна батерија. Полнењето на роботот го управувува микропроцесор кој ги следи различните параметри на батеријата, вклучувајќи ја нејзината температура. Со тоа максимално се зголемува нејзиниот животен век.

 

систем Wall Follow

Благодарение на страничните четки и системот Wall Follow Roomba може ефективно да ги исчисти и регионите околу покуќнината, по должина на ѕидовите, аглите како и на тешко достапните места.

 

едноставен начин на управување

На Roombа не ѝ е потребно да ѝ се одреди начинот на работа или времето на чистење. Roomba сè уште самата си одредува со оглед на распоредот и големината на просторот кој го чисти. Притиснете го копчето CLEAN и Roomba се грижи за сè.

 

компактни димензии

Благодарение на својата висина (9,2 cm) Roomba влегува под поголемиот број на апарати за домаќинство и може да ги исчисти и обично недостапните места. На пример под креветот или под апаратите во кујната. Димензиите се обликувани така што роботот е соодветен за европскиот мебел со ногарки.

 

Aerovac филтер

"AeroVac" филтерот ја задржува најситната прашина и нечистотијата. Неговите одлични карактеристики се користат во Roombа серија 600.

 

станица за полнење

Кога Roomba ќе процени дека чистењето е завршено, самостојно ќе ја побара својата базна станица за полнење, каде што ќе се наполни и ќе биде подготвена за следното чистење. Во базната станица роботската правосмукалка ќе се врати и во случајот ако  дадете наредба со притиснување на копчето DOCK.

 

сите видови на подни површини

Roomba е роботска правосмукалка наменета за чистење на сите видови подни површини, како што се паркет, плочки, ламинат, линолеум, теписи, теписони.

 

сензори за спречување на пад од скали

Сензорите за спречување на пад од скали, осигуруваат дека Roomba нема да падне по скалите или од други високи површини.

 

програма SPOT

Програмата SPOT е наменета за локално чистење. Роботот го чисти просторот во големина од 1 m². Ќе ви послужи како „лопатка и метла“, потоа кога во кујната по подот ви се истурил шеќер, или пак во случај кога треба да се ичисти прагот за чевли.

 

едноставно одржување

Редовното одржување го зголемува животниот век на вашата Roombа. Доволно е редовно да го празните садот за нечистотија, да ги чистите четките и предното тркало.

 

дијагностицирање проблеми

Роботот е способен сам да дијагностицира проблеми и со звучен сигнал ќе ве извести.

 

преминување прагови

Roomba со леснотија преминува летвички, прагови или други ограничувања до висина од 2 cm.

 

браник со бавен допир

Roomba ги открива прeпреките и ги допира со бавен допир. Благодарение на инфрацрвените зраци кои ги емитува браникот, роботот ја познава препреката и пред неа забавува и бавно ја допира. Браникот е многу нежен за покуќнината. Непосредниот допир на препреките ја подобрува ефективноста на страничните четки кои од препреките ја чистат нечистотијата. Покрај тоа Roomba благодарение на браникот осетлив на допир проценува каде е виртуелниот ѕид кој се поставува на специфичните места.

пакетот содржи

Чешел за чистење на четките1x Чешел за чистење на четките

Адаптер1x Адаптер

Батерија (во роботот)1x Батерија (во роботот)

База за полнење1x База за полнење

 

за докупување

Автоматски виртуелен ѕидАвтоматски виртуелен ѕид

Далечински управувачДалечински управувач

Сет додатоциСет додатоци

 

техничка спецификација

Ги чисти сите видови на подни површини и теписи
Поседува интелигентен навигациски систем – iAdapt® Responsive Cleaning Technology, за подетално чистење,
Тристепен систем на чистење
Систем за чистење по должината на ѕидовите и аглите Wall Folow
Адаптибилна глава за чистење 2-ра генерација
Сад со висок капацитет AeroVac,
Систем за филтрирање со AeroVac филтер
ANTITANGLE систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи,
Акустична детекција на нечистотија
Браник чувствителен на допир (easy – touch),
Сензори за спречување на пад од скали,

Roomba 620: Речник на поими

Roomba 620 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
Цена* 24 999,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата