ПроизводиRoomba 681

398 0.0
цена 33 999,00 ден
На залиха
во кошница
Roomba 681 banner
 

За производот

     
 
 

Нова Roomba® од 600 серија, со нов облик и дизајн. Има вградена нова Li-Ion батерија, како во 900 серијата. Работи според тоа како ќе и го наместите распоредот за чистење. Во пакетот заедно со Roomba-та има нова интегрирана базна станица за полнење, виртуелен ѕид со двојна функција, како и резервен филтер.

Главни предности Roombа 681

  • Ги чисти сите видови на подни површини и теписи
  • Чисти под мебелот и околу него
  • Поседува интелигентен навигациски систем – iAdapt® 1,0
  • Тристепен AeroVac™ систем на чистење
  • Акустична детекција на нечистотија
  • Браник чувствителен на допир
  • 4 сензори за заштита од пад по скали
  • Систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
  • Нова Li-Ion батерија 2130 mAh
  • Автоматско враќање и полнење на базната станица
  • Чистење со можност за поставување на распоред на времето за чистење

Зошто да одберете робот од iRobot?

iRobot е тесно специјализиран за роботика, профитот е насочен кон неговиот развој и не е свртен кон други подрачја поради подобрите понуди. iRobot настана со гордост на тројца основачи (Colin Angle - Колин Енгл, Helen Greiner – Хелен Грејнер и Rodney Brooks – Родни Брукс), за конечно роботиката да го промени светот и начинот на кој работиме, учиме, се лечиме или чистиме. Веќе во првата година на постоење iRobot во соработка со NASA го претстави вселенскиот истражувачки робот Genghis. До кулминација дојде во 1998 год. кога фирмата iRobot победи и го доби договорот на агенцијата DARPA за развој на тактични мобилни роботи iRobot PackBot.

Истиот тој сè опфатен робот американската влада во 2001 год. по терористичките напади на трговскиот центар го испрати на спасувачка акција. PackBot ги проучуваше и контаминираните региони по несреќата на јапонските електрани во Фукушима 2011. Во 2002 год. iRobot влезе во животот на секој од нас. Таа година дојде на свет првата робот правосмукалка Roomba. Три години подоцна iRobot ја донесе на пазарот Scoobа така што продолжи со помошниците роботи. Благодарение на тоа, портфолиото на iRobot денес вклучува неколку врвни роботи, кои со чистење на куќите или становите и на околните региони околу него им помага на повеќе од 15 милиони луѓе низ целиот свет.

Главни функции
iRobot Roomba 681

Интелигентен систем за навигација - iAdapt

iRobot Roomba доаѓа со проверени системи кои го означуваат iRobot како вистински робот. Листата започнува со најважните системи - iAdapt. Со овој уникатен систем и технологија Roomba ја проверува својата околина 60 пати во секунда со употреба на светлосни сензори и со 40 начини на движење се прилагодува и во специфичниот простор.

Тристепен систем на чистење

Тристепениот систем на чистење дава ненадминат квалитет на чистење и совршено чисти подови во Вашиот дом. Постојат три истовремени процеси:

1. Ротирачка странична четка

Ротирачката странична четка обезбедува чистење по должина на ѕидовите, аглите и препреките во просторијата.

2. Две главни спротивно-ротирачки четки

Двете главни спротивно-ротирачки четки ја собираат прашината, нечистотијата, трошките, влакната и пердувите од милениците, како и косата од подот.

3. Вакуум вшмукување

Вакуум вшмукување ја собира нечистотијата од подот и ја чува во садот за нечистотија.

Прилагодлива глава за чистење - втора генерација

Прилагодливата глава за чистење е втора генерација на прилагодливи системи за чистење, кои самостојно се прилагодуваат на различни подни површини (ламинат, теписи, линолеум, плочки).

Roomba 790

Сад за нечистотија со голем капацитет

АeroVac садот за нечистотија со голем капацитет е идеално решение и за домаќинствата со домашни миленици, ја собира дури и најситната прашина.

Акустично детектирање на нечистотија

Со употреба на звучните сензори и технологијата Dirt Detect чистењето се фокусира каде што е најмногу потребно.

Програмирање на времето за чистење

Карактеристики на виртуелниот ѕид со двојна функција

Заради двојната функција на виртуелниот ѕид, имате подобра контрола над просторот во кој чисти.
• Доколку ја одберете функцијата на самиот виртуелен ѕид - Virtual Wall, тогаш роботот ќе чисти каде вие сакате и нема да го пушта да оди каде не сакате.
• Доколку ја одберете функцијата HALO тогаш ќе го задржите роботот подалеку од предметите кои сакате да ги заштитите

Кому е наменет?

Роботската правосмукалка iRobot Roomba 681 е идеален за семејства и простории до 90м2. Функцијата за програмирање на времето за чистење ви нуди полна слобода и ве ослободува од одговорноста за чистење. Едноставно наместете го времето за чистење и роботот сѐ останато ќе го направи за вас. Во организацијата на чистење ќе ви помогне еден сензор виртуелен ѕид со двојна функција, кој го добивате во овој пакет. Доколку имате потреба од поголем број на сензори- виртуелни ѕидови, можете дополнително да ги набавите. Со моделот Roomba 681 доаѓа високо издржлива Li-Ion батерија и базна станица со вграден адаптер.

iRobot Roomba 790
681

останати важни функции

ANTITANGLE
систем Wall Follow
едноставен начин на управување
компактни димензии
Aerovac филтер
станица за полнење
сите видови на подни површини
сензори за спречување на пад од скали
програма SPOT
едноставно одржување
дијагностицирање проблеми
преминување прагови
браник со бавен допир
 
 

ANTITANGLE

iRobot мисли на секојдневното домаќинство, затоа ја иновираше технологијата ANTITANGLE, која спречува заплеткување во кабли или ресе од теписи. Кога четките ќе ја препознаат препреката ја менуваат насоката на вртење. На овој начин роботската правосмукалка се ослободува и може да си продолжи со чистење.

 

систем Wall Follow

Благодарение на страничните четки и системот Wall Follow Roomba може ефективно да ги исчисти и регионите околу покуќнината, по должина на ѕидовите, аглите како и на тешко достапните места.

 

едноставен начин на управување

На Roombа не ѝ е потребно да ѝ се одреди начинот на работа или времето на чистење. Roomba сè уште самата си одредува со оглед на распоредот и големината на просторот кој го чисти. Притиснете го копчето CLEAN и Roomba се грижи за сè.

 

компактни димензии

Благодарение на својата висина (9,2 cm) Roomba влегува под поголемиот број на апарати за домаќинство и може да ги исчисти и обично недостапните места. На пример под креветот или под апаратите во кујната. Димензиите се обликувани така што роботот е соодветен за европскиот мебел со ногарки.

 

Aerovac филтер

"AeroVac" филтерот ја задржува најситната прашина и нечистотијата. Неговите одлични карактеристики се користат во Roombа серија 600.

 

станица за полнење

Кога Roomba ќе процени дека чистењето е завршено, самостојно ќе ја побара својата базна станица за полнење, каде што ќе се наполни и ќе биде подготвена за следното чистење. Во базната станица роботската правосмукалка ќе се врати и во случајот ако  дадете наредба со притиснување на копчето DOCK.

 

сите видови на подни површини

Roomba е роботска правосмукалка наменета за чистење на сите видови подни површини, како што се паркет, плочки, ламинат, линолеум, теписи, теписони.

 

сензори за спречување на пад од скали

Сензорите за спречување на пад од скали, осигуруваат дека Roomba нема да падне по скалите или од други високи површини.

 

програма SPOT

Програмата SPOT е наменета за локално чистење. Роботот го чисти просторот во големина од 1 m². Ќе ви послужи како „лопатка и метла“, потоа кога во кујната по подот ви се истурил шеќер, или пак во случај кога треба да се ичисти прагот за чевли.

 

едноставно одржување

Редовното одржување го зголемува животниот век на вашата Roombа. Доволно е редовно да го празните садот за нечистотија, да ги чистите четките и предното тркало.

 

дијагностицирање проблеми

Роботот е способен сам да дијагностицира проблеми и со звучен сигнал ќе ве извести.

 

преминување прагови

Roomba со леснотија преминува летвички, прагови или други ограничувања до висина од 2 cm.

 

 

браник со бавен допир

Roomba ги открива прeпреките и ги допира со бавен допир. Благодарение на инфрацрвените зраци кои ги емитува браникот, роботот ја познава препреката и пред неа забавува и бавно ја допира. Браникот е многу нежен за покуќнината. Непосредниот допир на препреките ја подобрува ефективноста на страничните четки кои од препреките ја чистат нечистотијата. Покрај тоа Roomba благодарение на браникот осетлив на допир проценува каде е виртуелниот ѕид кој се поставува на специфичните места.

пакетот содржи

Заменлив AeroVac филтер1x Заменлив AeroVac филтер

Базна станица со вграден адаптер1x Базна станица со вграден адаптер

Виртуелен ѕид/хало -Wirtual Wall® со двојна функција1x Виртуелен ѕид/хало -Wirtual Wall® со двојна функција

Roomba 6811x Roomba 681

Li-Ion Батерија вградена во роботот - copy1x Li-Ion Батерија вградена во роботот - copy

 

за докупување

Виртуелeн ѕид светилникВиртуелeн ѕид светилник

Сет додатоциСет додатоци

 

техничка спецификација

Ги чисти сите видови на подни површини и теписи
Чисти под мебелот и околу него
Поседува интелигентен навигациски систем – iAdapt® 1,0
Тристепен AeroVac™ систем на чистење
Акустична детекција на нечистотија
Браник од мека пластика
4 сензори за заштита од пад по скали
Систем кој спречува заплеткување во кабли и реси од теписи
Нова Li-Ion батерија 2130 mAh
Автоматско враќање и полнење на базната станица
Чистење со можност за поставување на распоред на времето за чистење
Сад за нечистотија AeroVac
Препорачано за до 90m2
Време на полнење 2 часа
Димензии (mm) 335 x 93 (80 телото на роботот)
Тежина 3,56 Kg
Гласност < 60 dB

Roomba 681: Речник на поими

 

Roomba 681 видео

 
СПОРЕДУВАЊЕ НА МОДЕЛИ  
Цена* 33 999,00 ден *Препорачана малопродажна цена.
Додади во кошничка  
 
 
 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата