NorthStar навигациска коцка
Е дел од навигацискиот систем на робот за бришење подови iRobot Braava. Навигациската коцка работи како надзорна единица која ја води Braavа по сите ќошиња на вашите соби. Благодарение на неа, Braava ја препознава моменталната локација и местата кои треба да ги исчисти.
NorthStar навигација
Навигацијата NorthStar е навигациски систем, кој го употребува робот за вришење подови iRobot Braava. Технологијата која беше развиена во соработка со американската вселенска агенција NASA, работи како внатрешен GPS. Навигациската коцка Northstar праќа сигнал со помош на кој Braava ја препознава својата моментална позиција и местата кои треба да ги чисти. На крајот на чистењето Braava секогаш се враќа на место од каде што започнала со чистење.
крпа од микровлакна
iRobot Braava за суво и мокро чистење употребува посебни крпи од мирковлакна кои имаат одлични карактеристики за чистење. Белата крпа е наменета за суво чистење односно бришење. Сината крпа е посебно формирана за мокро чистење односно за чистење со средство за подови. Крпите ставете ги на роботот со помош на платформите со магнетни сопирачки и со тврдите гумени траки. По завршувањето на чистењето можете крпите да ги исперете рачно или во машина за перење.
робот за бришење подови
iRobot во 2013 година ја прошири својата понуда со интересна новост – робот за бришење подови iRobot Braava. Се работи за производ кој ја дополни понудата на роботи за чистење во домаќинствата. Благодарение на ефективните крпи од микровлакна, робот вам ќе ви помогне да ги исчистите нечистотиите од вашиот под и дури и по рабовите на ѕидовите и под покуќнината. Работењето на Braavа е многу тивко и паметно, неа ја води навигациски систем кој беше развиен во соработка со NASA.
водоотпорни
Водоотпорната карактеристика на робот Looj е значајна не само за отстранување на мокри листови од олуците, но исто така и за едноставно чистење со помош на цревото во градината.
низок облик на профил
Робот Looj 330 е соодветен за повеќе видови на олуци. Неговиот низок облик на профил му овозможува движење кај жлебовите под огради како и низ жлебните цевки.
метличка
Метличките се дел од главата за чистење на роботот Looj 330 кои обезбедуваат ефективно отстранување на смет од вашите олуци. Looj за среќа има палета од стандарди метлички кои се мали и компактни. Нивниот правилен избор ви овозможува прилагодување на глава кон различни видови на нечистотии кои се во зависнот од сезоната.
рачка што се вади
iRobot Looj 330 има рачка што се вади која служи и како далечински управувач. Ако се одлучите за рачен начин на чистење, можете да го следите роботот со далечински управувач напред и назад како и да ја одредите брзината со која ќе се движи.
500 вртежи/min
Главата за чистење на робот Looj 330 се врти со брзина од 500 вртежи во минута, така што вистински брзо и ефективно ги чисти вашите олуци.
четиристепенска глава за чистење
Четиристепенската глава за чистење е дел од робот кој чисти олуци Looj 330. Неговата главна задача е да ja исчисти насобраната нечистотија од вашите олуци. Се врти со брзина од 500 вртежи во минута и со леснотија чисти листови, дрвени парчиња или иглички кои ги фрла надвор од олукот. Составена е од четки и низа метлички кои се менуваат со оглед на типот на нечистотија.
робот чистач на олуци
Роботот кој чисти олуци е мал помошник за секој сопственик на куќа. Можете да го најдете во портфолиото на специјалистот во роботика под името iRobot Looj. Доволно е само да го наместите роботот во жлебот (олукот) и да го пуштите да работи. Looj го поминува секое ќоше на вашите олуци и целата нечистотија ја носи надвор. Вам ви останува само да го изметете сметот под олукот. Со овој робот избегнувате работа на високи и опасни места, покрај што штедите многу време.
робот за триење подови
Се работи за робот кои ги трие вашите подови со вода и кој се нуди од iRobot со име Scooba. Благодарение на Scoobа можеме да ги одржуваме нашите подови без напор.
функција за виртуелни ѕидови
Roomba може да го ограничи просторот со помош на виртуелните ѕидови. Виртуелниот ѕид е невидлива бариера која роботот нема да ја премине. Се употребува тогаш кога морате да исчистите само одреден простор или ако сакате Roombа да ја спречите да се приближи до електричните или компјутерските кабли или до кршливите предмети.
функција за виртуелни ѕидови со светилник
Вируелниот ѕид со светилник има две функции. Можете да го употребите како ѕид за ограничување на просторот за чистење или благодарение на функцијата за виртуелен светилник да обезбедите чистење за целиот простор, соба по соба. Ви препорачуваме 3 виртуелни ѕидови со светилник зависно од големината и комплекснота на просторот.
систем PRO-CLEAN
Системот PRO-CLEAN е дел од робот за бришење подови Braava 380. Со системот PRO-CEAN се зголемува моќноста и се добиваат перфектно чисти подови. PRO-CLEAN работи како сад за течност и е вграден во платформата, која за време на чистењето цело време ја мокри крпата. Благодарение на тоа Braava 380 од подовите ги отсртранува и потврдокорните дамки.
начин на суво бришење (SWEEP)
Braava 380 нуди два начини на чистење, суво и мокро чистење. Сувото чистење, односно метење, отстранува прав, влакна, крзно и мали нечистотии за сите видови на тврди површини како и во големи простории. Нечистотијата навлегува во белета крпа со мирковлакна, која на крајот на чистењето едноствно ја тресете. За време на метењето Braava се движи по собата во права линија секогаш напред – назад.
начин на мокро чистење (MOP)
Braava 380 нуди два начини на чистење, суво и мокро чистење. Мокрото чистење е наменето за ефективно чистење на тврди површини. Brava се движи со кратки линии, секогаш: десно напред – назад, лево напред – назад и повторно од почеток. Благодарение на тоа лесно може од подот ефективно да отстрани маснотија, прав и различни дамки. Мокрото чистење може да се подобри со дополнителните садови PRO-CLEAN, кои се дел од моделот Braava 380.
iAdapt Nautiq
При формирање на iAdapt Nautiq инженерите се воодушевија на резултатите за системот iAdapt на роботските правосмукалките iRobot Roomba и роботите за триење подови Scooba. Тие ги прилагодија за ефективна употреба на тридимензионалните услови. И чистачот на базени iRobot Mirra 530 најнапред ги мери димензиите на базенот и потоа врз основа на тоа одбира најсоодветна програма за чистење. Секое место го чисти повеќе пати и веднаш реагира на актуелните услови затоа може да достигне до најдобри резултати.
функција Pause/Resume
Оваа функција ја има робот за бришење подови iRobot Braava. Можете Braava за момент да ја исклучите и повторно да ја вклучите, со што да продолжи со чистење. Функцијата за пауза и повторно вклучување (Pause/Resume) осигурува дека Braava ќе продолжи со чистењето од таму каде што застанала.
тивко чистење
Голема дополнителна вредност на робот за бришење подови Braava е неговото тивко работење. Braavа користи многу тивок електромотор кој за време на чистењето воопшто нема да го слушнете, така што можете да читате книга или да спиете, со сигурност е дека Braava нема да ви пречи.
функција за програмирање на времето за чистење
Благодарение на функцијата за програмирање на времето за чистење можете да изберете ден и време во кое роботската правосмукалка треба да започне со чистење. На Roombа не ѝ пречи темнина или препреки така што секогаш темелно го чисти просторот и без ваше присуство. iRobot нуди планско чистење за секој ден во различно време. Роботската правосмукалка на пример ја програмирате да чисти три пати во неделата и секоја недела според испланираното време ќе чисти и ќе обезбеди еднакво чисти подови.
оптичко откривање на нечистотија
Со помош на оптичките сензори Roomba открива прекумерно валкани површини на кои интензивно им се посветува.
сензори за спречување на пад од скали
Сензорите за спречување на пад од скали, осигуруваат дека Roomba нема да падне по скалите или од други високи површини.
сите видови на подни површини
Roomba е роботска правосмукалка наменета за чистење на сите видови подни површини, како што се паркет, плочки, ламинат, линолеум, теписи, теписони.
индикатор за полн сад со нечистотија
Кога Roomba ќе го наполни садот со нечистотија, ќе ве извести со светлосен сигнал дека садот е полн и треба да се испразни (во моделите на Roomba 775 и Roomba 880).
станица за полнење
Кога Roomba ќе процени дека чистењето е завршено, самостојно ќе ја побара својата базна станица за полнење, каде што ќе се наполни и ќе биде подготвена за следното чистење. Во базната станица роботската правосмукалка ќе се врати и во случајот ако дадете наредба со притиснување на копчето DOCK.
Aerovac филтер
"AeroVac" филтерот ја задржува најситната прашина и нечистотијата. Неговите одлични карактеристики се користат во Roombа серија 600.
компактни димензии
Благодарение на својата висина (9,2 cm) Roomba влегува под поголемиот број на апарати за домаќинство и може да ги исчисти и обично недостапните места. На пример под креветот или под апаратите во кујната. Димензиите се обликувани така што роботот е соодветен за европскиот мебел со ногарки.
едноставен начин на управување
На Roombа не ѝ е потребно да ѝ се одреди начинот на работа или времето на чистење. Roomba сè уште самата си одредува со оглед на распоредот и големината на просторот кој го чисти. Притиснете го копчето CLEAN и Roomba се грижи за сè.
AeroVac двоен филтер
Двојниот "AeroVac" филтер ја задржува ситната прашина и нечистотијата
систем Wall Follow
Благодарение на страничните четки и системот Wall Follow Roomba може ефективно да ги исчисти и регионите околу покуќнината, по должина на ѕидовите, аглите како и на тешко достапните места.
Ni-MH батерија
iRobot го напојуваат батериите Ni-MH (Nikl-Metal Hydrid). Нивната предност е дека пренесуваат високо електрична енергија во елекртомоторите на роботот и за тоа време сочувуваат долг животен век и еднаков напон. На тој начин роботот може да чисти долго време со целосно полна батерија. Полнењето на роботот го управувува микропроцесор кој ги следи различните параметри на батеријата, вклучувајќи ја нејзината температура. Со тоа максимално се зголемува нејзиниот животен век.
ANTITANGLE
iRobot мисли на секојдневното домаќинство, затоа ја иновираше технологијата ANTITANGLE, која спречува заплеткување во кабли или ресе од теписи. Кога четките ќе ја препознаат препреката ја менуваат насоката на вртење. На овој начин роботската правосмукалка се ослободува и може да си продолжи со чистење.
Центар со далечинско управување на допир
Центарот со далечинско управување на допир ви овозможува Roombа да ја активирате со далечинско, временски да ја подесите или само непостедно да ја управувате. Така си го олеснувате не само чистењето, туку и си овозможувате голема забава.
едноставно одржување
Редовното одржување го зголемува животниот век на вашата Roombа. Доволно е редовно да го празните садот за нечистотија, да ги чистите четките и предното тркало.
програма SPOT
Програмата SPOT е наменета за локално чистење. Роботот го чисти просторот во големина од 1 m². Ќе ви послужи како „лопатка и метла“, потоа кога во кујната по подот ви се истурил шеќер, или пак во случај кога треба да се ичисти прагот за чевли.
обликуван браник
Roomba со бавен допир ги открива препреките со помош на обликуваниот браник со гума. Благодарение на инфрацрвените зраци кои ги емитува браникот, роботот знае за препреката и пред неа забавува и бавно ја допира. Браникот е многу нежен за покуќнината. Непосредниот допир на препреките ја подобрува ефективноста на страничните четки кои од препреките ја чистат нечистотијата. Покрај тоа Roomba благодарение на браникот на допир проценува каде е виртуелниот ѕид кој се поставува на специфичните места. Роботските правосмукалки од серијата 700 се опремени со обликуван браник со гума за да роботот биде уште понежен со покуќнината.
роботска правосмукалка
Сè уште немате роботска правосмукалка? Тоа веројатно значи дека чистењето ви претставува забава и не сакате вашата омилена работа да ја отстапите на некој друг. Ако би сакале таа работа наеднаш да ја зголемите, имаме за вас интересно решение. Роботската правосмукалка е мал помошник во домаќинството, која самостојно ја чисти секоја површина, вклучувајќи го паркетот, подните облоги од плочки, линолеум или теписи. Благодарение на програмската опрема, способна е да работи вистински без ваша помош. Едноствно вклучете ја и потоа можете да се одмарате и да гледате телевизија. Роботската правосмукалката е опремена и со паментни сензори, така што одлучно се ориентира во секој простор. Без проблеми го преминува прагот и нема тешкотии ниту со скалите. Ако кон неа се приближува нешто, нејзиниот софтвер веднаш ја известува дека е во опасност. Немате потреба да се грижите дека ќе дојде до некаква незгода. Дали веќе се радувате кога ќе го видите тоа мало живо суштество додека работи? Роботската правосмукалката ќе ви го покаже вистинскиот начин на чистење. Дајте ѝ шанса и пријатно ќе бидете воодушевени со квалитетните резултати!
сад за нечистотија AeroVac со голем капацитет
Садот за нечистотија со голем капацитет е идеален за домаќинствата со животни. Ја собира и најситната прашина.
iAdapt
iRobot Roomba доаѓа на пазарот со проверени системи, кои веќе функционираат во производите на iRobot. Листата започнува со апсолутно најважниот – со системот iAdapt. Овој интелигентен систем за чистење и навигација во просторот, со повеќе од десет сензори го следи просторот 67 пати во секунда и во комбинација со 40 однапред одредени движења на Roombа ѝ овозможува интелигентно да се прилагодува на моменталните услови во просторот.
Тристепенски систем на чистење
Тристепенскиот систем за чистење обезбедува одлично чистење на подовите во вашето домаќинство. Се работи за процеси кои работат во исто време:
1. Ротирачката странична четка обезбедува чистење по должината на ѕидовите и аглите.
2. Главните спротивно-ротирачки четки кои собираат прав, нечистотија, трошки и влакна од подот.
3. Долниот дел за вшмукување ја носи нечистотијата во садот.
звучна детекција на нечистотија
Roomba со помош на звучни сензори открива валкани површини, на кои интензивно им се посветува.
четка за чистење за Scoobа
Scooba Cleaning Brush е четка за чистење за моделот Scooba 390. Изработена е од посебни материјали за темелно водено чистење. Не остава дамки и ефективно отстранува нечистотија од тврди површини.
преминување прагови
Roomba со леснотија преминува летвички, прагови или други ограничувања до висина од 2 cm.
дијагностицирање проблеми
Роботот е способен сам да дијагностицира проблеми и со звучен сигнал ќе ве извести.
прилагодлива глава за чистење
Прилагодливата глава за чистење, 2-ра генерација, динамично се адаптира на површините за чистење без разлика дали се работи за лизгави подови, теписи, линолеум или плочки.
далечинско управување
Роботската правосмукалка може да се управува и со далечински управувач. Можеме да го вклучиме со копчето CLEAN, за започнување со чистење, со притискање на копчето SPOT- за кружно чистење и DOCK за понење на базата станица. Со тоа се обезбедува голема удобност на корисникот. Со копчињата за насочување роботот може да се употебува како играчка на далечинско, што уште повеќе го ценат мажите или децата. Ќе видите дека чистењето веднаш ќе ви се допадне.
браник со бавен допир
Roomba ги открива прeпреките и ги допира со бавен допир. Благодарение на инфрацрвените зраци кои ги емитува браникот, роботот ја познава препреката и пред неа забавува и бавно ја допира. Браникот е многу нежен за покуќнината. Непосредниот допир на препреките ја подобрува ефективноста на страничните четки кои од препреките ја чистат нечистотијата. Покрај тоа Roomba благодарение на браникот осетлив на допир проценува каде е виртуелниот ѕид кој се поставува на специфичните места.
42 сензори
Системот за управување и навигација iAdapt работи во комбинација со оптички и акустични сензори. Roomba 800 серијата има вкупно 42 сензора со кои прибира важни податоци за местоположбата и препреките.
управување со допир
Roomba потполно ве внесува во светот на технологијата на 21-виот век и тоа со помош на прецизен екран на допир кој го замени традиционалното управување со копчиња.