професионални роботи iRobot

Porfesionální roboti header

iRobot 510 PackBot

     
 
 
iRobot 510 PackBot

Иако најуспешниот професионален робот iRobot, кој дочека заслуги на многу места и во бројни кризни услови, PackBot потполно ја докажува способноста и филозофијата на iRobot. Помага таму каде што е потребно. Паметен, отпорен и практичен робот може да понуди помош таму каде што човек не може или е премногу опасно. За тоа iRobot PackBot помагаше во 2001 год. по терористичките напади во Светскиот трговски центар и по несреќата на електраната во Фукушима 2011 год..

5 конфигурации за сите ситуации


Првобитната намена на PackBot беше отстранување на бомби. Може да се купи во пет основни конфигурации. iRobot 510 PackBot во конфигурација HazMat Technicians е способен да открива и идентифицира хемикалии, радиоактивни или органски соединенија. First Responders во целост ги исполнува посебните барања на единицата SWAT. Уништува бомби и пребарува опасни места. iRobot 510 PackBot успешно се движи низ камења, мучуришта или снег со брзина помалку од 10 km/h. PackBot успешно се качува во висина под агол од 60°.
 
Управувањето на iRobota PackBot го обезбедува преносникот Amrel со 15 прачки, во жаргон познат како iRobot OCU – Operator Control Unit. Е дел од пакетот PackBota и нуди свој сопствен софтвер кој го известува операторот за најразлични информации. На пример, капацитетот на преносникот, роботот и за неговата положба, условите во околината и т. н. PackBot е опремен со камера со висока резолуција, што овозможува управување на роботот со gamepad, сличен на оној од Xbox. Комуникацијата се остварува на 2,4 GHz и 4,9 GHz радио бранови, може да се употребат и оптички влакна .
 

До 16 километри со едно полнење


Роботот може со помош на подвижните раце да го товари и растовари кој било предмет. PackBot секако не е само автомобилче со далечинско управување, зависно од раководењето и размислувањата на операторот. Благодарение на технологијата iRobot Aware 2 интелигентниот робот со софтвер може и потполно сам, без човечка помош да ги исполнува задачите. PackBot не е великан. Со својата основна висина 18,8 cm без надоградба и ширина 52,1 cm, всуност не добива многу почит, од друга страна пак поради своите мали дименции и должина од 96,5cm по кратки патчиња, доаѓа скоро секаде.
 
Работењето со вкупна тежина 52,89 kg не му прави проблем. Со оглед на соодветните параметри PackBot може со едно полнење да помине далечина од 16 km и да се задржи во активна состојба повеќе од четири часа наеднаш. iRobot му нуди на PackBot три видови на движење. Највисокиот достигнува висина до 208 cm, најнискиот само 74 cm. Нивната тежина се движи од 12,66 до 45 kg. Затоа носивоста на PackBotov се движи од 2 до 14 kg.

Помага таму каде што е потребно

Во 2009 година во Ирак слетаа две илјади специјализирани роботи PackBot. Спасија бројни животи на цивили и војници кои дома не би се вратиле без помош на роботите. Еднаква корисна работа PackBot направи во 2001 година во Њу Јорк исто така и во електраната во Фукушима 2011 година.

iRobot SUGV

     
 
 
iRobot SUGV

Додека iRobot 510 PackBot со оглед на својата тежина употребува моторни единици, негова сосема спротивност е iRobot SUGV. Мал е, лесен и подвижен, едноставно се управува и е сосема лесен за употреба. За одредување на насоката ви стои на располагање head-up функицјата, gamepad, сличен како оној од Xbox, и дополнителна гарнитура на грбот која тежи занемарливи 2,7 kg.

Мал, лесен, достапен

Самиот iRobot SUGV тежи 13,2-14,5 kg. Понискиот од двата модели е моделот 310 SUGV, повисокиот 320 SUGV. Двете разлики се развиени во соработка со Boeing. Кој е најчестиот начин на употреба на iRobota SUGV? Замислете си ситуација, кога крстарите по опасни предели и налетувате на тесен тунел. Тоа може да претставува голема опасност.  

И токму во такви ситуации настапува моделот SUGV. Го става на глава шлемот head-up и роботот оди да разгледува. Во моментот знае дали во внатрешноста се крие толпа штетници, дали таму играат криенка глувци и стаоци. Роботот се чува во воен ранец т. н. MOLLE, од кој едноставно се вади кога ви треба.

Гледа и е невидлив

Роботот лесно се ориентира во сите услови. Благодарение на термокамерите гледа во темно, чад и магла, Камерата има 312x оптичко зумирање, па овозможува да видите сè, без разлика дали е ноќ или ден, неверојатен квалитет и сите суштински детали. Меѓу другите практични работи спаѓа и ласерскиот мерач на далечина кој овозможува да ја одреди далечината од предметите до роботот.

iRobot става акцент на начинот на управување на роботот, преземени од конзолите на видео игрите кои заштедуваат време, потребно за обука. iRobot SUGV може да се наклони за 40° и странично 17°. Достигнува најголема брзина до 10 km/h и со едно полнење работи повеќе од 6 часа. SUGV нема тешкотии со 20 cm скала во висина и 25 cm скала при симнување.

iRobot Warrior 710

     
 
 
iRobot Warrior 710

Вертикалните рамки достигнуваат во висина 30,5 cm, иако не е великан. Висината на долниот дел е 16,5 cm, ширина 43,7 cm и должина 76,1 cm. Овие податоци припаѓаат на моделот 320 SUGV, кои се максимално опремени и со неверојатни теренски способности. Во спротивно пак параметрите на 310 SUGV особено неговата најмало време на издржливост од 90 минути, повикува за цивилна употреба.

Универзален робот, основан пред сè за воени намени, може успешно да дојде на помош и надвор од воениот сектор. Има ситуации каде што можете да ја видите дека помошта на теренскиот робот постои непрекинато, со носивотст повеќе од 70 kg и брзина 12 km/h. iRobot Warrior 710 е на пример многу соодветен за превоз на испарливи супстанции кои сам ги натоварува. Може да пренесе оружје, медицински материјал, животни или да пренесе ранет војник од непријателската околина.

Мозокот на роботот воин е со посебна iRobot Aware 2 програмска опрема, едноставно флексибилен и лесно разбирлив систем со голема поддршка од страна на уредот. Warrior 710 во споредба со iRobot PackBotom е особено голем робот. На неговиот грб може да се натовари 157,4 kg Hulk или Iron Man. Со параметри должина 88,9 cm, ширина 76,8 cm и висина 45,7 cm, всушност од своите професионални колеги не се разликува премногу.



Иако неговиот домен на управување претставува само 800 m, со тоа iRobot Warrior 710 богато компензираат неговите операциски способности. Со леснотија се движи во вертикални сиоци во висина до 47 cm, лази по скали под агол од 45° и се симнува под истиот агол. Способен е да премине плитки површини во длабочина од 76,2 cm. Warrior 710 буквално блеска, пред сè на груб терен поради неговата тежина.

Управувањето на Warrior 710 се извршува исто како во примерот со PackBota опеаторот со посебен бележник или слушалки со микрофон. Подвижната разлика е составена од очила, опремени со шлем (т. н head-up), кои се наоѓаат на грбот, gamepad и микрофон со слушалки. Копмплетот тежи помалку од 3 kg, што овозможува едноставно следење на посебниот робот. Комунакцијата помеѓу операторот и Warriorem ја прави Ethernet радио.

iRobot 110 FirstLook

     
 
 
iRobot 110 FirstLook

Најмалиот од семејството на професионалните роботи iRobot моделот 110 First Look кој доби прилично чуден прекар – копје. Овој мал робот кој е долг 25,4 cm и широк 22,9 cm со тежина само 2,45 kg е вистински меч. First Look влетува низ прозор, се залетува во ѕид, се удира, но не грижете се, тоа не го боли.

iRobot овој модел го прилагоди и намени за ситуации каде што единицата на војници од SWAT доаѓа во допир со психопати, при кои не може да се предвидат нивните понатамошни чекори. Таква нестабилна личност, заградена во напуштена куќа, или со заложник во банка, претставува голем ризик.

Затоа iRobot направи прачка First Look, која настапува на сцена пред одлучните од SWAT, му става лисици на проблемтичното лице како и ги ослоодува заложниците. Како што и името кажува, First Look може да прелета низ прозорец, врата или ѕид. Веднаш со помош на две тврди и јаки рамења се втурнува во спасувачка акција. Информаците од надзорниот модул кој е полесен од килограм се добиваат на фрекфенција 2,4 или 4,9 GHz.

iRobot First Look 110 навистина претставува дополнителни четири очи на посебната единица. Со четири интегрирани камери обезбедува допир до драгоцени информации за моменталите услови, сторителите и со заложниците. Врз основа на податоците кои iRobot First Look 110 ги покажува, членовите на единицата можат да продолжат со најдобриот можен план. First Look пак и покрај тоа може да направи и повеќе.

Дополнете ја само неговата основна опрема со сензори за откривање на хемиско загадување, различна опрема за управување или со други камери, вклучувајќи ги термокамерите и ќе добиете мал, лесен, а во исто време многу отпорен и паметен помошник на вашиот пат за спасување човечки животи.

iRobot Seaglider

     
 
 
iRobot Seaglider

iRobot Seaglider припаѓа во групата на UUV роботи iRobot. Кратенката од Unmanned Underwater Vehicle може приближно да се преведе како подводно пловило без пилот. На морските предели во светот сега пловат 135 Seaglider-и, кои се во помош на физиката, хемијата и биологијата. На неговите непосредни удобности, не можеа да одолеат ниту океанографите, ниту крајбрежната стража, ниту војската.

Енергија за 10 месеци и 4600 километри

„Авионската едрилица“ на пример овозможува извршување на мерења под дебелиот мраз. Следен план за мисија на овој робот ќе биде проучување на веригите за прехрана на китовите во Антартикот. Конструкцијата на iRobot 1KA Seaglider претставува врв во современата способност. Безпилотната мини подморница е тешка симпатични 52 kg. Иако роботот достигнува релативна мала брзина 0,9 km/h, со тоа ја компензира својата оперативна длабочина која се движи од 20 до 1000 m.

Во помали длабочини Seaglider препливува до 4 600 km, во длабочина од 1 km и понатаму се намалува на 650 km. Всушност тоа зависи од намената и текот на мисијата, сепак 1KA Seaglider нема проблем да се работи со само едно полнење и 10 месеци. Длабочината ја владее под агол од 16-45°. Придонесува со пет основни начини на работење. Transect survey го извршува со помош на профил на одредени географски точки.

Дополнителна опрема? Само изберете си ја

Virtual Mooring употребува само профил за една точка, Surface Drift мисијата ја остварува на површина вклучивајќи го GPS-от и ја бележи телеметријата. Во случајот на Bottom Loiter роботот на одредено време буквално се шета на површината и собира податоци. Sub-surface Porpoise се употребува при пребарување на морската површина. iRobot 1KA Seaglider е следен со микропроцесор, додека собраните податоци се пренесуваат во CF меморијата. Операторскиот центар со нив комуницира преку сателитски телефон Iridium. Податоците на тој начин се примаат и се праќаат. При секое искачување се извршува праќање на податоците. Со очигледната жолта UUV можете да купите бројни додатоци.

 
Производот е додаден во кошницата
Оди кај кошницата